Што кажува шминката за вашиот карактер?

Што кажува шминката за вашиот карактер?

Секоја девојка има свој стил на шминкање кон кој секојдневно или по потреба се придржува. Неколку експерти и професионалци за шминка, откриваат дека начинот на шминкање може да открие дел од вашите карактеристики.

Зачадени очи

Жените кои ги шминкаат очите во „зачаден“ стил сакаат да ја истакнат својата мистериозна природа. Со ваквата шминка вие сакате да испратите порака дека сте страсна жена, која се чувствува удобно во својата сексуалност и внатрешна моќ. Но, ова веќе го знаевте нели?

„Бидејќи со ваквата техника на шминкање привлекувате внимание кон вашите очи, вие сте омилени помеѓу мажите“ – вели Линда Мејсон. Очите се прозорци на душата, а кога ќе ги истакнете, мажите ќе гледаат во нив повеќе од кој било друг дел од вашето лице.

Од друга страна, доколку кога си легнувате да спиете, заборавате да ја отстраните шминката и утредента имате остатоци или т.н. „природно“ зачаден очи. Тоа говори дека сте малку мрзеливи по природа.

Што кажува шминката за вашиот карактер?

Црвен кармин

„Ако на усните имате ставено црвен кармин, тоа покажува дека се чувствувате моќно, самоуверено и бестрашно“ – вели стилистот за шминка Стефани Флор. Вие знаете што сакате, промислени сте во вашите постапки и ги реализирате вашите намери.

Мејсон додава дека истакнатите усни воопшто, го рефлектираат вашиот смел и оптимистичен карактер. Оние кои преферираат да ги истакнуваат своите усни, сакаат палавото дете во нив, да го рефлектираат преку шминката. Не изненадувајте се ако луѓето ви се наклонети.

Што кажува шминката за вашиот карактер?

Мачкини очи

„Класичниот изглед не е за секого, но ако успеете да го практикувате, значи дека сте самоуверени и елоквентни во врска со вашата внатрешна убавина“ – вели стилистот за шминка Мариса Немс. Сите знаеме дека самодовербата е ептен секси – така што не е изненадувачки што мажите честопати ве викаат на состанок.

„Вие исто така сте одличен пријател и сте личност која верува дека малите детали имаат големо влијание врз работите“ – објаснува Флор. Вие никогаш не би го заборавиле роденденот на вашата најдобра другарка, нејзиниот омилен вкус на сладолед или бројот на чевли. Можеби не звучи како нешто толку битно, но со овие мали детали вие им испраќате порака на луѓето колку всушност ги почитувате.

Што кажува шминката за вашиот карактер?

Сенки за очи во пастелни бои

Дали пастелните бои се вашиот прв избор? Доколку е така, според Флор, овие карактеристики перфектно би ве опишале: невина, женствена, безгрижна и природна. Исто така, меките бои се супер романтични.

Сепак, Немс додава дека доколку употребувате само меки бои можете да делувате како да не сте спремни да преминете на повисоко ниво при шмикнањето. За да избегате малку од секојдневната рутина, применете ги советите од овој туторијал.

Што кажува шминката за вашиот карактер?

Бледи усни

„Бледи усни се карактеристично нешто за жените кои знаат да направат баланс“ – вели Бараф. Тие не чувствуваат потреба да ги задоволуваат другите луѓе, бидејќи не се плашат од нивното мислење. Од друга страна пак, делувате како да не се сфаќате себеси доволно сериозно, а тоа е квалитет што треба да го поседува секоја девојка.

Бидејќи не се грижите за изгледот на вашите усни, вие сте личност која лесно се откажува од малите нешта. Понекогаш треба повеќе да внимавате. Исто така, според Немс, вие би требало да имате смисла за хумор, па така кога нештата ќе тргнат на лошо, секогаш умеете низ шала да ја протерате работата.

Што кажува шминката за вашиот карактер?

Лажни трепки

Два збора: тешко одржување. „Премногу работа е потребно за да можете постојано да носите лажни трепки“ – вели Немс. Преку ден премногу се приметуваат дека се лажни. Но сепак, доколку не сте јавна личност, преку ден не е неопходно постојано да изгледате перфектно, па вака само може да делува како да сакате скриете нешто.

За вечерно излегување веќе е друга приказна. Во овој случај тие допринесуваат да изгледате како забавна и заводлива личност. Не се срамите да бидете главната ѕвезда на подиумот ниту па дак го направите првиот потег кога станува збор за флертување. Сепак, треба да внимавате со апликаторот на трепките. Треба да ја извежбате техниката и потоа ќе немате проблем.

Што кажува шминката за вашиот карактер?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. . Reply

    zachadeni ochi <3

  2. qwert Reply

    bez sminka najdobro, so sminka site se ubavi 😛

  3. irena Reply

    WAU SUPER NAPISANO I TOCNO E NAPISANO..KAKO ZA MENE BAS..JAS I TAKA SE SMINKAM KAKO I STO PISALE :((

  4. JULIA Reply

    4 e najubava’

Остави коментар