Што ја предизвикува предвремената менопауза?

Што ја предизвикува предвремената менопауза?

Сè повеќе и повеќе жени порано влегуваат во менопауза која се јавува околу 40-тата година од животот. Изгледа дека пилулите за контрацепција не се виновни за ова, но едно истражување покажало дека постои поврзаност со пушењето. Имено, чадот од цигарите ги убива јајце клетките.

Што ја предизвикува предвремената менопауза?

Исто така, сиромашните жени се изложени на поголем ризик од рана менопауза поради лошата исхрана и недоволната грижа за здравјето. Во некои случаи виновна е и генетиката.

Сепак, доколку вашата мајка прерано влегла во менопауза, тоа не значи дека истото ќе ви се случи и вам. Раната менопауза може да биде и одговор на телото поради некоја закана. Репродуктивниот систем се „затвора“ како реакција на стрес, лоша исхрана и траума, а во некои случаи менструацијата воопшто не се враќа.

Научниците сметаат дека пораното започнување на пубертетот значи и порана менопауза. Некои резултати покажале дека можна е и поврзаност помеѓу датумот на којшто сте ја добиле менструацијата и датумот на којшто ќе влезете во менопауза.

Дури и да се докаже ова, би било тешко да се утврди точната причина, бидејќи секоја жена е различна и има различен број јајце клетки, како и различен начин на живот. А сето ова влијае на менопаузата и нејзиниот почеток.

Други причини за раната менопауза се лошата исхрана и стресот. Кога постојано сте под стрес, во општество каде што помалку се вежба и повеќе се пие, сосема нормално е менопаузата да настапи порано. Некои научници сметаат дека можно е да сведочиме и на епидемија на рана менопауза.

Влијанието врз жената и нејзиното здравје е навистина големо. Главниот проблем е што жената може да остане неплодна бидејќи ќе остане без јајце клетки. Дополнителен проблем може да претставува остеопорозата и ракот на дебелото црево или јајниците.

Жените со рана менопауза исто така имаат 2 пати поголеми шанси за инфаркт или кардиоваскуларни болести. Исто може да се појават и катаракта и губење на забите.

Постојат многу други несакани последици од раната менопауза, како депресија, променливо расположение, раздразливост, сувост на кожата и вагината, недостаток од желба за секс, како и инфекции на мочниот меур. Заедно со сето ова се намалува и квалитетот на животот и виталноста, а се појавуваат проблеми и со менталното здравје.

Ова ни кажува дека жените кои имале рана менопауза, можно е после 10 години да развијат некоја хронична болест, како дијабетесот.

Кога започнува менопаузата, женското тело престанува да лачи естроген, хормон кој штити од заболувања како остеопороза и кардиоваскуларни болести. Повеќето жени влегуваат во оваа фаза во 50-тата година од животот, но оние кај кои менопаузата започнала порано, ќе живеат без овој хормон 10, па дури и 20 години повеќе.

Прочитајте и за знаците на рана менопауза за коишто никој не ве предупредил.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар