Што и да ви се случи во животот, продолжете напред

Што и да ви се случи во животот, продолжете напред

Го перципираме пристигнувањето на проблемите како причина да престанеме да го правиме она што го правиме. Ги гледаме како знак да престанеме да се движиме. Болката има можност да нѐ запре во просторот. Срамот – да нѐ замрзне. Одбивањето нѐ обесхрабрува. Разочарувањето нѐ тера да се откажеме од играта и уште еднаш да ги провериме правилата. Но, можеби на овој начин не си правиме никаква услуга.

Што и да ви се случи во животот, продолжете напред?

Проблемите често не се состојат во фактот дека нашите маки и патења ни забрануваат да продолжиме да се движиме понатаму. Проблемот е тоа што избираме да се задржуваме на проблемите, да ги анализираме и да се изложуваме на болка, да се опседнуваме со нив. Но, анализата нема да ни помогне. Понекогаш таа е само изговор да останеме заглавени во центарот на проблемот, бидејќи е полесно да ги разгледуваме и да ги делиме на помали делови, отколку да се соочиме со нив и да продолжиме напред.

Но, болката знае да биде ужасна. Срамот ќе нѐ натера да посакаме да се скриеме од светот. Одбивањето ќе нѐ натера да се затвориме во себе и да бараме зошто не сме доволно добри. Кога сме во болка, сѐ што сакаме да направиме е да го застанеме светот додека не собереме време и енергија да го стигнеме.

Ова е најсуровиот факт за животот. Светот не престанува да се врти. И ако сакаме да си направиме услуга, тогаш и ние не треба да престанеме да се движиме. Вистината е дека 9 од 10 пати ќе погрешиме и нема да имаме среќа. Ќе се вљубиме во погрешната личност. Ќе аплицираме за работа која не ја сакаме. Бидејќи таков е животот и ѕвездите не се секогаш наредени во иста линија.

Решението на проблемот е да станете и да се обидете да докажете дека сте доволно добри. Да се вратите во играта. Да го гледате животот како серија просечни ситуации, отколку серија индивидуални, посебни успеси и изгубени шанси и да сфатите дека и покрај тие 9 пати кога ќе погрешите, барем еднаш ќе успеете. И тоа еднаш е нешто највредно на светот. Кога дозволувате неуспесите да ве поразат, никогаш нема да ја сфатите таа вредност.

Дозволете неуспесите да бидат само настани отколку идентитети кои ги посвојувате. Настани низ кои само ќе поминете. Срам? Продолжете напред. Болка? Продолжете напред. Одбивање? Продолжете напред. Ќе има и добри денови и зелени долини и високи врвови по патот. И секое камче кое ќе ви смета во чевлите ќе исчезне. Не се задржувајте во калта, мислејќи се како да го отстраните. Излезете од неа и продолжете понатаму.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар