Што говори вашата фризура за вас?
Покрај изразите на лицето, и фризурата открива одредени работи за вас, вели Џин Ханер, авторка на книгата „Мудроста на вашето лице“.
1. Црвена коса – Има значење сама по себе. Ако сте црвенокоса значи дека сте дружељубива, забавна личност со добра смисла за хумор и оптимистичен поглед на светот. Во љубовните врски сте променливи, го сакате она неверојатно силно чувство на заљубеност. Понекогаш сте и кралица на драмата. Спротивно, можете да бидете и срамежливи и да се плашите од одбивања.
2. Виткана коса – Имаат забавни личности со топло срце. Жените со виткана коса се великодушни, претприемачки настроени и ги исполнуваат задачите и обврските побрзо од другите. Имаат огнена личност, карактеристични се по лидерството, љубовта, страста, динамични се, ги одликуваат и агресивност, интуиција, рационалност.
3. Густа коса – Оние кои имаат, имаат и силна волја. Густата коса значи многу енергија, јака волја, но и тврдоглавост.
4. Кратка слободна фризура – Оваа фризура значи дека не обрнувате внимание на помалку важните работи, вклучувајќи ја и фризурата. Исто така укажува на тоа дека не им обрнувате многу внимание на своите чувства.
5. Ќелава – Доколку сте се одлучиле да ја избричите главата, големи се шансите дека сте суперромантични. Да се биде ќелав значи многу позитивни нешта според кинеското читање на лицето. Значи дека имате големо срце и сте спремни да сакате, како и дека имате ведра личност.
6. Рамно потшишана – Доколку косата ви е право исечена, тогаш вие сте сосредоточени на успехот во животот. Исто така ја цените логиката и се водите според неа.
7. Доколку косата ви е природно прекршена, а постојано ја фенирате право значи дека вашиот живот е хаотичен и дека треба да се смирите. Со исправувањето на косата воспоставувате баланс, ги контролирате работите и носите мир во вашиот живот.
8. Доколку имате права коса, но постојано ја виткате, значи дека во вашиот живот ви е потребна повеќе забава. Косата ви станува хаотична и дива, па таков живот и посакувате.
9. Жените кои не ја негуваат својата коса ги ставаат своите потреби на последно место. Доколку врзете обично опавче, ја ставите косата зад уво или само ја прицврстите со шнола, тоа укажува дека другите ви се на прво место.