Што го нервира вашиот шеф?

Што го нервира вашиот шеф?

Сите ние имаме „жолти“ минути. Намерно или не, сигурно некогаш сте разлутиле некого. Можеби вашиот шеф или газда? Следува листа на 8 работи што ги нервираат вашите надредени. Земете ги предвид!Што го нервира вашиот шеф?

Недоволен ентузијазам за работата

Големо незадоволство кај шефовите предизвикува кога вработените не покажуваат ниту минимално ниво на ентузијазам за одреден проект кој е исклучително важен, особено откако претходно се изјасниле дека се супер возбудени за идната работа. На крајот, проектот завршува со милион ситни и не толку ситни грешки кои надередениот треба да ги поправа, а сето ова можело навремено да се спречи. Дополнително, шефовите се чудат зошто вработените мислат дека ваквото нивно фолирање нема да биде забележано.
.

Заобиколување во дискусии за време на состанок

Што го нервира вашиот шеф?Фокусирајте се и прејдете на поентата. Времето може да значи правење или трошење пари. Кое од овие две мислите дека му е важно на вашиот газда?
.

Поставување прашања пред целосно да се докаже реченицата

Додека некој зборува, треба да почекате тој целосно да се искаже. Така е и во врската помеѓу вас и вашиот шеф. Ако почнете да поставувате прашања, а притоа го прекинувате во средина на реченица, тоа дава многу лош впечаток за вас, како нестрплив и невоспитан човек и вработен. Плус, одговорот на вашето прашање можеби сепак ќе сте го добиеле од вашиот шеф, да не сте го прекинале додека зборувал.
.

Несогласување со колегите

Што го нервира вашиот шеф?Верувале или не, ова ги нервира вашите надредени. Тие сакаат сите вработени да се согласуваат и да работат во хармонична средина. Ако шефот гледа дека вие ни малку не се трудите да имате коректен однос со вашите колеги, тоа прави лоша слика за вас во неговите очи. Истиот впечаток го оставате доколку според вас секогаш другите се криви зашто некоја работа не е добро завршена.
.

Вработени кои забораваат дека без оглед која е нивната работна позиција, тие работат во фирма чија првична цел е да прави пари

Што го нервира вашиот шеф?

Вработени кои секојдневно доцнат

Во секоја фирма има по некои вработени кои константно доцнат неколку минути на работа или пак си заминуваат од работното место неколку минути порано. Ако мислите дека вашиот шеф или газда нема да го забележи вашето доцнење, сте се излажале. Тие гледаат сè… или пак имаат некои луѓе кои ги известуваат за тоа.
.

Ѕвонење на телефон за време на состанок

Што го нервира вашиот шеф?Ова е недопустливо! И во случај шефот да не ве опоменал пред состанокот да го исклучите телефонот, вие треба да знаете дека треба да го направите тоа пред започнување на истиот. Ако дозволите вашиот телефон да ѕвони, светка или вибрира за време на состанок, само ќе покажете некултура и непочитување кон присутните.
.

Прво истражи, па потоа прашај

Што го нервира вашиот шеф?Бидете сигурни дека вашиот шеф ќе се изнервира ако му поставите прашање во врска со некој проблем за кој претходно не сте се ни потрудиле да најдете решение.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар