Што го наведува мажот да се заљуби во одредена жена?
Сигурно сте се запрашале како мажите се заљубуваат и што го предизвикува тоа. Дали станува збор за вистински момент, за одредени квалитети кои ги бараат или само за хемија? Факт е дека љубовта е чувство кое е индивидуално и тешко е да се објаснат генералните причини поради кои се јавува. Меѓутоа постојат одредени услови кои мора да се исполнети за еден маж да се заљуби во одредена жена. Следуваат најважните од нив…
Чувствува дека може да ја направи среќна
Ништо не е попривлечно од женската насмевка. Мажот бара партнерка која постојано ќе биде насмеана и позитивна. Нормално е дека сите имаме тешки денови, но ако жената успее да ја задржи својата ведрина и во тие моменти, тоа е дефинитивно голем плус. А за мажот нема поголем успех од тоа да ја направи својата партнерка среќна. Тој вистински се поврзува со неа токму тогаш кога ќе почувствува дека секојдневно успева да повика насмевка на нејзиното лице.
Го обожава чувството што го има кога е покрај неа
Мажите сакаат да се чувствуваат како суперхерои, заштитници и спасители. Нема поголема храна од тоа за нивната самодоверба. Многу е важно покрај партнерката тој да се чувствува силно, храбро и непобедливо. Ако тој има чувство како да може да го освои светот кога е со неа, таа несомнено ќе стане љубовта на неговиот живот.
Знае точно што сака таа
На сите ни е познато дека жените се многу комплицирани суштества. Честопати праќаат измешани сигнали, велат едно а мислат друго, не знаат што сакаат, се предомислуваат и не се сигурни во нивните чувства. Мажите не сакаат кога мора да се справуваат со сите овие работи. Тие најмногу ја ценат директноста и искреноста. Читањето меѓу редови им е најомразената работа што може да постои! Токму поради тоа, кога тие ќе најдат партнерка која секогаш им кажува што мисли, како се чувствува и не се сомнева во нејзината љубов, никогаш нема да ја напуштат.
Кога таа е целосно изградена личност
Ова е тесно поврзано со решителноста и одлучноста на жената. Една целосно изградена личност знае кои се нејзините цели, амбиции и потреби. Таа не се бара себеси, туку многу добро знае која е и кои се нејзините карактеристики и способности. Кога мажот ќе запознае ваква жена, што е навистина тешко да се најде, тој целосно го губи разумот!
Кога таа е подготвена да ја прифати играта на животот
Храбрите жени кои не се плашат да преземат ризик и се секогаш спремни за авантура, се неверојатно привлечни. Мажите сакаат кога жената е подготвена да излезе од нејзината удобна зона и да се соочи со нови предизвици и искуства. Таа е слободоумна и има широки погледи кон светот, а тоа се многу важни карактеристики кои ги бара секој маж.
Кога имаат заеднички интереси
Велат дека спротивностите се привлекуваат и тоа до некаде е точно, бидејќи кога две лица имаат спротивставени мислења и ставови се укажува можност за интелигентни дискусии и надградба на сопствената личност. Меѓутоа, факт е дека олеснителна околност е ако двајцата партнери имаат заеднички интереси. На тој начин тие можат да поминуваат време заедно правејќи работи во кои и двајцата уживаат, без да мора едниот од нив да прави компромис. За еден маж нема ништо поубаво од тоа да ја помине вечерта со неговата сакана гледајќи ја нивната омилена серија!
Кога постои страст
Мажите претежно ги доживуваат работите преку нивните сетила. Доколку тој не чувствува физичка привлечност спрема неговата партнерка, колку и да му одговара на интелектуално ниво, тој никогаш нема да се заљуби во неа. Мажите сакаат страст и бура на емоции. А што е љубовта ако не оган кој постојано треба да се потпалува за да не згасне?