Што ги нервира колегите од работа?
Погледнете што ги нервира вашите колеги од работа. Ако се пронајдете во некој дел од текстот, се разбира, потрудете се да не го правите тоа повеќе на работното место.
Прислушување
Колегата зборува на мобилен, се допишува на скајп или пишува СМС, а вие упорно се врткате околу него обидувајќи се да дознаете што и на кого му пишува. Таквото однесување многу брзо се забележува, па затоа немојте да мислите дека вашата љубопитност ќе остане незабележана. Воздржете се од такви дејствија, особено на работа, бидејќи сигурно не сакате да ве бие лош глас на прислушкувач, нели?
Фалење
Информациите за тоа каква облека носи вашето момче, кој козметички салон го посетува вашата девојка, колку се паметни, интелигентни и добри вашите деца оставете ги за поблиските, освен ако имате некоја многу блиска колешка која во исто време ви е и добра пријателка. Фалењето остава негативен впечаток во очите на колегите, па затоа држете се до некои општи теми кои сите би ги интересирале.
Флертување по телефон
Никој не сака да ве слуша како гласно флертувате со вашето момче или девојката. Тоа ве истакнува како личност, но во негативна смисла. Ако колегите ве слушнат како гласно флертувате по телефон, верувајте дека ќе бидете предмет на потсмев помеѓу колегите. Оставете ги нежните зборови за после работа.
Чистење на грлото (хкм-кање)
Ова е можеби најфрустрирачката работа што дефинитивно ги нервира колегите. Доколку тоа го направите еднаш или двапати не е проблем, но ако го правите на секои две минути претставува и тоа каков проблем. Нервира и вознемирува. Ова важи и за другите звуци кои имате навика често да ги испуштате: шмркање, гласно воздивнување и сл.
Злоупотреба на слушалките
Дури и вашиот вкус за музика да се совпаѓа со вкусот на музика на вашите колеги, сепак не ги злоупотребувајте слушалките. Звукот нека биде подесен така да само вие ја слушате музиката. Ништо не ви дава за право да правите „журка“ кога другите работат. Ова исто така значи дека не е дозволено да си ги потпевнувате омилените референи од песните кои ги слушате на слушалките.
Не јадете храна со зајадлив мирис
Непријатно е ако јадете храна со зајадлив мирис кој ќе се шири низ работната просторија. Тука влегуваат хамбургери, виршли, зачинете сосови. Оваа храна оставете ја за дома, а на работа јадете јадења кои нема да предизвикаат гадење кај другите.
Бесконечни дискусии за фудбалски натпревари и ТВ серии
Овие разговори би биле прифатливи ако ги правите тивко за да не слушаат сите околу вас и со колеги кои ја делат истата страст за фудбал или серии. Сепак, обидете се овие муабети да не ви бидат секојдневни.
Внимавајте на парфемите
Силните парфеми оставете ги за вечерните излегувања. На работа ставајте лесни и нежни парфеми кои нема да предизвикаат гадење кај колегите. Има некои луѓе кои се алергични на јаки и опојни мириси. Одржувањето на лична хигиена се подразбира.
Не се смејте гласно
Обидете се да не се смеете гласно за сите колеги да ве слушнат. Освен што е непристојно, тоа дава слика за вас како несеризона личност и работник кој не е посветен доволно на работата.
Гласно џвакање храна
Никој не сака да ве слуша како џвакате мастика, како шмркате додека го пиете кафето или како сочно го јадете сендвичот. Тоа е непристојно и предизвикува нервоза кај тие кои се наоѓаат околу вас.