Што е ресвератрол и кои се неговите здравствени придобивки?

Што е ресвератрол и кои се неговите здравствени придобивки?

Ресвератролот е антиоксиданс кој за прв пат бил откриен од страна на јапонскиот научник Мичио Такаока во 1939 година, но неговите здравствени придобивки не биле истражени докрај сè дури научниците не го откриле неговото присуство во црвеното вино.

Што е ресвератрол и кои се неговите здравствени придобивки?

Ресвератролот е полифенол, природно соединение кое се наоѓа во растенијата. Полифенолите најчесто имаат антиоксидантни својства и играат голема улога во заштитата на растенијата (но и животните) од оксидативен стрес и клеточно оштетување. Ресвератролот се наоѓа во голем број намирници и пијалаци како грозје, кикирики, црвено вино, какао и бобинки.

Станува збор за уникатен фитонутриент со многу поволни биолошки својства како антиоксидантни и антиинфламаторни карактеристики. Покрај другото, придонесува и за нормалното одвивање на кардиоваскуларните и когнитивните функции. Ова се неговите здравствени придобивки:

Претставува моќен антиоксиданс

Ресвератролот е моќна антиоксидантна фитохемикалија која му помага на телото да се ослободи од слободните радикали.

Придонесува за клеточната еластичност и долговечност

Намалување на бројот на митохондриите во клетките е знак за стареење, но и аларм за можни здравствени проблеми. Ресвератролот го регулира и заштитува здравјето на митохондриите и придонесува за биогенеза (процес на синтеза на митохондриите), што од друга страна влијае поволно врз работата на срцето, мозокот и целиот организам.

Ја подобрува когнитивната функција

Истражувањата покажале дека додатоците со ресвератрол го зголемуваат протокот на крв, ја подобруваат меморијата, но и целокупната когнитивна функција.

Ја регулира васкуларната функција

Ресвератролот придонесува за одржување на здравјето на срцето бидејќи ги намалува васкуларниот оксидативен стрес и артериската вкочанетост и го регулира нивото на крвниот притисок.

Го одржува имунолошкиот систем

Благодарение на своите антиоксидантни и антиинфламаторни својства, ресвератролот го одржува имунолошкиот систем преку регулирање на производството и рамнотежата на имунолошките клетки.

Откако прочитавте за здравствените придобивки од ресвератролот, можеби ќе сакате да прочитате и кои видови суперхрана можат да ја спречат појавата на рак.

Извор: mindbodygreen.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар