Што е разликата помеѓу зрелата и детинестата врска?

Што е разликата помеѓу зрелата и детинестата врска?

Врските се клучниот дел од животот, растењето и созревањето. Без разлика дали станува збор за пријателска или љубовна врска, личните интеракции со луѓето има голем ефект врз вашите ставови и погледи. Па, што е тоа што ги одделува детинестата и зрелата љубовна врска?

Што е разликата помеѓу зрелата и детинестата врска?

1. Детинестите врски се за внимание, зрелите врски за намера.

2. Детинестите врски започнуваат караници, зрелите врски ги надминуваат.

3. Детинестите врски се за „мене“, зрелите врски се за „нас“.

4. Детинестите врски се одржуваат преку пораки, зрелите врски преку вечера.

5. Детинестите врски се празни, зрелите врски ве исполнуваат.

6. Детинестите врски изобилуваат со игри, зрелите врски немаат време за нив.

7. Детинестите врски имаат караници за ситници, зрелите врски имаат вредност за која вреди да се бори.

8. Детинестите врски ја нагризуваат вашата душа, зрелите врски ја нахрануваат.

9. Детинестите врски се за она што изгледа добро, зрелите врски се за она што се чувствува добро.

10. Детинестите врски се евтини шотови во бар, зрелите врски се шише вино во вашиот дом.

11. Детинестите врски се движат пребрзо, зрелите врски ве тераат да забавите.

12. Детинестите врски се „Ми требаш“, зрелите врски се „Те посакувам.“

13. Детинестите врски ја користат изјавата „Те сакам“ за да спречат караници, зрелите врски велат „Те сакам“ бидејќи гледаат иднина.

14. Детинестите врски се за подароците, зрелите врски се за годишниците.

15. Детинестите врски создаваат несигурности, зрелите врски ги ослободуваат.

16. Детинестите врски се одвлекување на вниманието, зрелите врски се мотивација.

17. Детинестите врски се исполнети со љубомора, зрелите врски се исполнети со доверба.

18. Детинестите врски се само за секс, зрелите врски се за интимност.

19. Детинестите врски се за мислењето на другите, зрелите врски се за вашето мислење.

20. Детинестите врски се површни, зрелите врски ја кршат површината.

21. Детинестите врски се фокусираат на негативното, зрелите се насочени кон позитивното.

22. Детинестите врски се за пофалба на Фејсбук, зрелите врски не се изложуваат на социјални мрежи.

23. Детинестите врски прават да се чувствувате слабо, зрелите врски ве прават моќни.

24. Детинестите врски се за моментот, зрелите врски се за иднината.

25. Детинестите врски прават да се двоумите во себе, зрелите врски ја надградуваат вашата самодоверба.

26. Детинестите врски се за имиџот, зрелите врски не се грижат за изгледот.

27. Детинестите врски се за она што другите луѓе го сакаат, зрелите врски се за она кое вие го сакате.

28. Детинестите врски ве расплакуваат, зрелите врски ве расположуваат.

29. Детинестите врски прават да се сомневате во себе, зрелите врски ви даваат одговор на сите прашања.

30. Детинестите врски се за излегувањето, зрелите врски се за останувањето дома.

31. Детинестите врски се за лична победа, зрелите врски се за заедничка победа.

32. Детинестите врски пробуваат нови нешта, зрелите врски ги усовршуваат.

33. Детинестите врски сакаат да бидат видени, зрелите врски сакаат да бидат слушнати.

34. Детинестите врски имаат потреба од валидација, зрелите врски немаат потреба да се докажуваат.

35. Детинестите врски се полни со тајни, зрелите врски ја говорат само вистината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар