Што е подобро: Училишна или улична интелигенција?

Што е подобро: Училишна или улична интелигенција?

Сигурно сте ја чуле изреката дека нема подобро училиште од улицата. Се согласувате со ова мислење? Или можеби сметате дека вистинското знаење се добива само во вистински училишта?

Што е подобро: Училишна или улична интелигенција?

Интелигенцијата може да се подели на 2 големи категории: училишна и улична интелигенција. Училишната интелигенција се однесува на образованието, училишниот успех и другите видови стекнато знаење. Станува збор за теоретско разбирање на фактите и идеите. Од друга страна, пак, уличната интелигенција се однесува на знаењето стекнато со помош на искуството.

Дискутабилно е кое знаење е покорисно и тоа многу зависи од околностите. Сепак, генерално гледано, уличната интелигенција е од поголемо значење кога станува збор за постигнувањето успех во животот. Сите одиме на училиште и се запишуваме на факултет за да се образуваме и да си ги зголемиме шансите за наоѓање добро платена работа. Но, училишната интелигенција може да ве одведе само дотаму. Практичното и разумното разбирање на вашата ситуација е она што ви треба за да одите напред.

Луѓето кои поседуваат улична интелигенција се потпираат на својата интуиција кога треба да го планираат следниот чекор во животот. Според нив, вистинските животни искуства се основниот извор на знаење. Тие никогаш не се придржуваат строго до она што го пишува во книгите. Во основа, главната разлика помеѓу двата типа луѓе е изворот на нивните знаења. Луѓето кои поседуваат училишна интелигенција се здобиваат со знаење преку теориите и книгите, а улично интелигентните луѓе преку искуствата.

Доколку постојано зависите од вашите теоретски познавања, тоа може да предизвика катастрофални последици. Потребен ви е прагматизам за да можете да ја анализирате вашата моментална ситуација и да одлучите што ќе правите понатаму. Вашето математичко знаење ќе ви помогне да ги положите испитите, но нема да ви користи ако треба да се извлечете од незгодна ситуација.

Што е подобро: Училишна или улична интелигенција?

Освен тоа, не ви треба одличен успех на училиште за да заработувате многу. Стив Џобс и Марк Закерберг немале факултетски дипломи, па сепак станале милијардери. Она што ви треба е храброст да преземате ризици и да излегувате од удобната зона. Треба да разберете дека кога читате некоја книга, вие станувате сведоци на нечија туѓа перспектива. Не е важно колку бил интелигентен авторот, бидејќи сите ние сме различни и сите живееме во различни околности. Не постои по едно конечно решение за секој проблем, бидејќи сите ние секојдневно се соочуваме со различни ситуации.

Луѓето кои поседуваат училишна интелигенција најчесто претпочитаат да ги следат правилата наместо да ги одредуваат. Тие можат да помнат информации, да користат формули и да вложуваат многу труд за да ги остварат своите цели. Но, не можат да донесуваат брзи одлуки засновани на проценка и инстинкт. Колку повеќе информации имате за вашето опкружување толку помалку изложени ќе бидете на опасностите и ризикот од неуспех.

Способноста да прочитате нечиј карактер може да ви помогне да оставите добар впечаток на работното место. Исто така, не постои замена за стекнатите искуства, бидејќи вистински учите само тогаш кога ќе потфрлите, ќе се обидете да разберете каде сте погрешиле и ќе се погрижите да не ги повторите истите грешки во иднина.

Секако дека не треба да ја отфрлите училишната интелигенција како нешто сосема бескорисно. Треба да разберете дека двата типа интелигенција се надополнуваат една со друга и треба да се развиваат подеднакво за да се постигне успех. Идеалното сценарио е кога би биле свесни за вашата ситуација и кога би го користеле вашето теоретско знаење за да ја подобрите способноста за донесување одлуки во практика.

Во продолжение прочитајте ги следниве 10 начини на кои училиштето ги прави децата глупави и депресивни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар