Што е пиперин и кои се неговите здравствени придобивки?

Што е пиперин и кои се неговите здравствени придобивки?

Сигурно досега многупати сте слушнале за антиинфламаторните својства на куркумата. Можеби и сте се запрашале зошто се препорачува куркумата да се комбинира со црниот пипер (особено во десерти и пијалаци, како на пример, златното млеко).

Што е пиперин и кои се неговите здравствени придобивки?

Одговорот е сосема едноставен: со помош на црниот пипер организмот полесно ја апсорбира куркумата. Но, да не заборавиме дека и црниот пипер располага со моќни здравствени придобивки како резултат на состојката наречена пиперин.

Што е пиперин?

Пиперинот е фитонутритивно соединение кое му дава на свежо мелениот пипер остар вкус. Црниот пипер, пак, е растение кое со векови се користи како состојка во природните лекови и рецепти во древната индиска (ајурведа) и кинеска медицина, а неговите здравствени придобивки се проучуваат и денес.

Здравствени придобивки од консумирање пиперин

Пиперинот се карактеризира со биаоктивни ефекти врз организмот. Неговите антиоксидантски својства придонесуваат за нормалната функција на црниот дроб, еден од најважните органи во нашето тело, одговорен за детоксикација на организмот. Освен тоа, пиперинот има и антиинфламаторни својства кои во голема мера влијаат врз зајакнување на имунитетот. Меѓу другото, пиперинот ја нормализира работата на дигестивниот систем преку стимулирањето на дигестивните ензими во панкреасот и цревата. Се одликува и со антимикробни својства!

Заедно е секогаш подобро

Иако својствата на пиперинот не се за потценување, сепак, тие најмногу доаѓаат до израз кога се меша со другите додатоци во исхраната. Затоа, следниот пат не заборавајте во вашето златно млеко да додадете и малку црн пипер.

Откако прочитавте за здравствените придобивки од консумирањето пиперин, можеби ќе сакате да прочитате и за здравствените придобивки од златното млеко.

Извор: mindbodygreen.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар