Што е најдобро за вашата коса: Гел, восок или крем?
Што ќе одберете за да го одржувате обликот на вашата коса зависи од она што сакате да го постигнете. Кога ќе сфатите како сакате да изгледа вашата фризура, ќе знаете и кој производ е најдобар за вашата коса.
Гел
Гелот се користи кога сакате да ја задржите формата во текот на целиот ден. Се нанесува на влажна коса веднаш откако ќе се истуширате. За да избегнете одредени праменчиња да се здрват како прачки, важно е прво добро да ја измиете косата, а потоа и да употребите само онолку гел колку што навистина е потребно. Ако излезе дека ви требало повеќе, можете да додадете подоцна.
Восок
Восокот е погуст од гелот и ќе ви даде добар изглед доколку целите кон побушав изглед. Составот на повеќето од нив се базира на масла, па затоа не се здрвува како гелот, не е леплив како него и потешко се мие. Најдобро се нанесува така што прво ќе ја обликувате фризурата додека косата се суши, а кога ќе се исуши малку восок се размачкува на рацете, а потоа рамномерно се нанесува на косата. На крајот може да се додаде и малку лак за коса за поголема цврстина.
Крем
Кремот е идеалниот избор за вас доколку сакате косата да изгледа како да е сува и да не изгледа здрвено. Кремовите за коса се лесни и лесно се мијат. Се става на сува коса по истата постапка како восокот, но можете да го нанесете и на влажна коса доколку сакате мазен изглед.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.