Што е кинеска самомасажа и зошто е толку популарна во последно време?

Што е кинеска самомасажа и зошто е толку популарна во последно време?

Во последно време таканаречената самомасажа станува многу популарна, а се темели на кинеската Чи Кунг гимнастика чијашто традиција е стара 4 илјади години. Таа е потврдена и во европската медицина. Сте го пробале овој вид масажа?
Прочитајте во продолжение за да дознаете повеќе за овој вид масирање, зошто е популарен и како се изведува.

Големо клиничко истражување покажало дека оваа самомасажа ја зголемува циркулацијата на крвта, го подобрува метаболизмот и помага во намалувањето тежина. Таквата масажа е многу корисна за оние што работат многу, малку се движат, не спијат доволно, имаат вишок килограми и често се наоѓаат во стресни ситуации. Најверојатно голем број луѓе се наоѓаат во таква состојба што значи дека би била корисна за сите.

За што се работи?

Самомасажата се темели на тапкање – една од вежбите на кинеската Чи Кунг гимнастика која според историчарите е стара повеќе од 4 илјади години. Во Кина се верува дека Чи Кунг го подобрува текот на Чи енергијата (животна енергија) низ телото.

Како се изведува и во кое време?

Масажата се изведува со ритмичко, лесно тапкање. Во подрачјето на главата, тапкањето треба да се прави со врвовите од прстите, а на телото со дланка или шепа.

Целиот комплекс трае 3-5 минути и се изведува во кое било време, меѓутоа лекарите советуваат тоа да биде наутро и кога се чувствувате многу уморно. Најдобро е вежбите да се изведуваат стоејќи и да се тапка по целата површина на кожата. Ако немате многу време тогаш обрнете внимание само на одредени точки кои во продолжение ќе ги образложиме.

1. Глава

Се изведува на следниов начин:

Застанете исправено. Со прстите на двете раце почнете да ја тапкате кожата на главата, тргнувајќи од челото кон тилот. Вратете ги рацете низ воздухот до челото. Посебно задржете се на слепоочниците, темето и вратот во пределот каде што почнува косата. Потребно е да направите само 10 кругови: на челото, слепоочниците, темето, вратот. Или 30 тапкања во секоја точка. На крајот истријте ги за да се вцрват.

2. Раце

Се изведува на следниов начин:

Испружете ја едната рака и притискајте одозгора надолу со тапкање на сите четири страни: подлактница (внатрешна и надворешна), рамена (внатре и надвор). Посебно задржете се на превојот на лакотот. Во секоја точка по 25 пати. Истото повторете го на другата рака.

3. Гради и стомак

Се изведува на следниов начин:

Со шепата од левата рака изведете серија од 10 тапкања на градите, одозгора па надолу. Обидете се да достигнете колку е можно подалеку. Потоа со десната рака се тапка левата страна од грбот (15 серии со секоја рака). Со левата дланка или шака се тапка по левата страна на задникот, а потоа со десната рака на десната страна (50-100 пати на секоја страна).

5. Нозе

Се изведува на следниов начин:

Подигнете ја десната нога и со помош на двете раце се тапка од коленото кон колкот и тоа од сите страни. Истото направете го и со другата нога. Потребно е да се направат по 10 серии за секоја нога. Посебно внимание треба да се обрне на подрачјето под коленото кое треба да се тапка 30 пати. Завршете ја самомасажата со тапкање по стапалата 20 пати.

Кога да се прави оваа вежба?

  • Ако ве боли главата – гимнастиката ја подобрува циркулацијата на крвта.
  • Ако ви се собрал голем умор, а пред вас е цел работен ден.
  • Ако сакате да намалите тежина. Не може да го замени вежбањето и диетата, но ќе го забрза метаболизмот.
  • Ако сакате да го намалите целулитот и да го подобрите тенот. Ја подобрува циркулацијата на крвта во сите слоеви од кожата.
  • Ако често се храните неправилно. Вежбата ја подобрува работата на внатрешните органи, го забрзува метаболизмот и му помага на организмот да се ослободи од сè што му е непотребно.

Пробајте ја оваа гимнастика и проверете дали ќе има некакви ефекти врз вашето тело и целокупно расположение.

Дознајте кои точки треба да ги масирате за да се ослободите од вишокот килограми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар