Што е интуитивно јадење и зошто е подобро од која било диета? - Part 2

Што е интуитивно јадење и зошто е подобро од која било диета?

6. Уживајте во вкусната храна

Што е интуитивно јадење и зошто е подобро од која било диета?

Важно е да уживате во вкусните оброци. Обрнете внимание на изгледот на храната. Научете како да уживате во аромата и вкусот на секој залак. Кога јадете нешто што го сакате задоволството од храната се зголемува и чувството на ситост се појавува побрзо.

7. Не јадете за утеха

Што е интуитивно јадење и зошто е подобро од која било диета?

Многу луѓе кои страдаат од дебелина го намалуваат стресот со прејадување. Иако повеќето луѓе разбираат дека јадењето нема да ги реши проблемите, тоа сепак работи како ментален анестетик кој може да предизвика многу здравствени проблеми. Немојте да ги решавате емоционалните проблеми со храна. Најдете друг начин да си го подобрите расположението и да се охрабрите. Прошетката, вежбањето, гледањето филм и одвојувањето време за вашето хоби е одличен начин да го направите тоа.

8. Прифатете го вашето тело

Што е интуитивно јадење и зошто е подобро од која било диета?

Ова е можеби најтешкото нешто за луѓето кои сакаат да ослабат за да изгледаат подобро. Денес е речиси невозможно да не наидете на совети за тоа како да бидете слаби и убави, а ова може да ви ја уништи мотивацијата. Важно е да престанете да го критикувате и да го мразите вашето тело. Прифатете го такво какво што е и почитувајте го. Невозможно е да престанете со диети ако не го сакате вашето тело. Бидете благодарни за него бидејќи тоа е со вас до крајот на вашиот живот и важно е да се грижите за него.

9. Одберете физичка активност што ја сакате

Што е интуитивно јадење и зошто е подобро од која било диета?

Кога ќе се одлучите за интуитивно jдење важно е да престанете да ги гледате физичките вежби како метод против вишокот килограми. Физичката активност ви дава енергија и ви го подобрува расположението. Поради ова важно е да одберете активност што ја сакате за да можете да слабеете без да се фокусирате на страдањето од напорните вежби. Нема потреба да одите во теретана, да барате причини да ја избегнете, а потоа да се обвинувате за тоа. Кога се присилувате да правите нешто, на крај ќе го замразите. Па, одберете ја физичката активност што ви причинува задоволство.

10. Почитувајте го вашето здравје

Што е интуитивно јадење и зошто е подобро од која било диета?

Важно е да се грижите за вашето тело. Не постои совршена диета што ќе ве одржи здрави, но внимавајте што јадете на долгорочен план. Одбирајте храна што е здрава, но и вкусна. Денес постојат толку многу избори што е навистина едноставно и забавно да го слушате телото и да го јадете она што му е потребно.

Погледнете ги и советите за слабеење од луѓето кои се ослободиле од вишокот килограми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар