Што е егзистенцијална криза и како да се справите со неа?
Дали некогаш сте се запрашале што претставува егзистенцијалната криза или сте биле принудени да се соочите со неа? Еве како да се справите со егзистенцијалната криза!
Егзистенцијалната криза е период на интензивно испрашување и неизвесност за смислата и целта на животот. Ова чувство се појавува кога почнувате да се прашувате дали има повеќе во животот од она што го доживувате моментално или дали воопшто има некаква смисла во вашето постоење.
Според психолозите, егзистенцијалната криза се јавува како резултат на внатрешни конфликти и е пропратена со овој тип на емоции:
- Вознемиреност
- Чувство на празнина
- Безнадежност
- Анксиозност
- Депресија
Справувањето со егзистенцијална криза може да биде предизвик и болно искуство. Во продолжение прочитајте кои се најчестите совети на психолозите за полесно справување со истата.
1. Препознајте ги вашите чувства
Првиот чекор во справувањето се состои од тоа да ги признаете вашите чувства и да си дозволите да ги доживеете. Во ред е да се чувствувате изгубени или несигурни за смислата на животот, а преку препознавање на овие чувства, можете да почнете да работите на нив.
2. Размислете за вашите вредности
Може да ви биде тешко да ги признаете вашите чувства, но можете да одвоите малку време за да размислите за вашите лични вредности и она што ви е најважно. Ова може да ви помогне да стекнете јасност за вашите приоритети и цели и може да ви помогне да ја најдете вашата цел во животот.
3. Бидете благодарни
Практикувањето благодарност може да помогне да го префрлите вашиот фокус од она што недостасува во животот кон она за што сте благодарни. Почнете да пишувате дневник во кој секој ден ќе наведете минимум една работа која ви се случила во текот на денот за која сте благодарни.
4. Медитирајте
Медитацијата може да ви помогне да станете поприсутни и поприземни во моментот, да ја намали анксиозноста и да ви помогне да се фокусирате на она што е најважно овде и сега.
5. Грижете се за себе
Физичката и психичката грижата за себе може да игра голема улога во вашата благосостојба. Спијте доволно, хранете се здраво, вежбајте и размислете кои активности можат да ви помогнат да се опуштите и да го намалите стресот.
6. Поврзете се со другите
Поврзувањето со другите кои ги споделуваат вашите интереси и вредности може да биде корисен начин за да пронајдете поддршка и чувство на припадност.
7. Вклучете се во креативни активности
Креативните активности како пишување, цртање или музика можат да ви помогнат да ги анализирате вашите внатрешни мисли и емоции на продуктивен и позитивен начин.
Сите овие чекори не се подеднакво ефективни за секој поединец во обидот да ја надмине егзистенцијалната криза. Но, можат да ви дадат насоки како да се справите со неа. Не заборавајте дека иако процесот на надминување на егзистенцијалната криза е тежок и болен, сепак претставува и можност за раст и самооткривање.
Откако прочитавте за егзистенцијалната криза, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е тешко вистински да се поврземе со другите.
Извор: themindsjournal.com