Што е безусловна љубов?
Секој од нас посакува вистинска љубов во животот, но дали знаеме што претставува љубовта? Безусловната љубов е многу поразлична од љубовта што сме навикнати да ја примаме, па така повеќето од нас не знаат што таа навистина претставува.
Всушност, концептот на љубовта во денешно време повеќе се сведува на различни форми на занес, страст, наклонетост или егоистичка потреба. Реалноста е дека вистинската љубов е толку ретка и скапоцена. Моментот кога ќе искусите вистинска, безусловна љубов е моментот кога ќе почувствувате дека другата личност ве разбира, ве прифаќа и што е најважно од сè, ве сака онакви какви што сте.
Еве на кои начини можете да покажете безусловна љубов кон себе, но и кон другите:
1. Не отфрлајте ги емоциите кои не ви се допаѓаат туку научете да ги прифаќате
Уште од детството сте научени да ги избегнувате и потиснувате „негативните“ емоции по секоја цена. Сепак, ова е знак дека не сте во состојба да се прифатите себеси и она што сте. Затоа, прифатете ги вашите чувства, наместо да се борите да ги запрете емоциите или да се преправате дека сè е во ред. Почитувајте ги вашите чувства такви какви што се, заедно со нивните пораки.
2. Воспоставете врска со вашето тело
Како се чувствува вашето тело додека ги искусувате негативните емоции? Дали сте болни, уморни, нервозни или напнати? Внимателно набљудувајте го телото без да носите заклучок однапред. Дишете длабоко и обидете се да се опуштите. Тоа ќе ви помогне и да дојдете до подлабоките нивоа на внатрешниот мир.
3. Прифатете ги вашите негативни мисли и навики
Запомнете дека овие мисли и навики не ве дефинираат и затоа не мора да се идентификувате со нив. Прифатете ги негативните мисли, па дури и тенденцијата да се мразите себеси или другите. Дури и чувството на одвратност кон себе е начин на практикување безусловна љубов.
4. Запрашајте се дали го условувате на некој начин односот кон другите
Бидете искрени. Дали нечие однесување или верување е главната причина поради која не можете да ја изразите љубовта? Во ред е во одреден момент да почувствувате лутина и тага кон друга личност, но искажувањето љубов е сосема друга приказна. Што можете да направите за да го отворите своето срце пред друга личност или група луѓе во вашиот живот?
5. Простете им на другите, но и себеси
Простувањето е вистински чин на самоослободување. Преку простувањето, вие се ослободувате од товарот на огорченоста од вашето срце. Размислете за сите незадоволства кои ги доживувате во моментот.
6. Сакајте се себеси, но сакајте ги и другите
Безусловната љубов значи прифаќање на своите, но и туѓите убави и грди карактеристики. Запомнете дека никој не е совршен, ниту пак некој ја има таа способност да постане совршен, затоа што животот е постојан процес на растење и учење.
Откако прочитавте што претставува безусловната љубов, можеби ќе сакате да прочитате и 6 цитати за безусловната љубов кои целосно ќе ви го променат животот.
Извор: themindsjournal.com