Што е бета-глукан и зошто му се припишуваат супермоќи?

Што е бета-глукан и зошто му се припишуваат супермоќи?

Ефективноста на бета-глуканот е потврдена со многубројни студии. Тој дејствува како имуномодулатор, што значи дека предизвикува реакции што му помагаат на имунитетот и го прават посилен. Исто така, бета-глуканот учествува во производството на матични клетки на коскената срцевина и помага во производството на леукоцити, тромбоцити и еритроцити.

Што е бета-глукан и зошто му се припишуваат супермоќи?

Ако терминот „глукан“ ве асоцира на глукоза или шеќер, не сте далеку од вистината. Глуканите се вид сложени шеќери или полисахариди, чие природно живеалиште се наоѓа во клеточните ѕидови на некои бактерии, габи, растенија (како што се овес и јачмен), алги и лишаи. Единствениот начин да се снабди организмот со бета-глукан е преку храната бидејќи не го создава сам.

Од друга страна, исхраната богата со растителни влакна, алги и печурки е карактеристична за источната култура и не е ни чудо што придобивките од бета-глуканот за првпат се откриени токму таму.

Во традиционалната источна медицина, се користел со векови за зајакнување на имунитетот и во Јапонија е официјално е признат како лек од 1983 година. На запад, неговите ефекти сè уште се анализираат и се проучуваат, но досегашните истражувања и тестирања покажаа многу охрабрувачки резултати.

Бета-глуканот помага во ублажувањето на симптомите на настинка, алергии, го намалува нивото на холестерол, ги ублажува респираторните инфекции, спречува хроничен замор, го регулира нивото на шеќер во крвта, дејствува превентивно на почетокот и на развојот на карцином и значително го скратува времетраењето на сите болести. Сепак, човечкото тело не може да произведува бета-глукан самостојно и затоа треба да се зема во форма на додатоци во исхраната или преку храната што го содржи.

Бета-глукан во храната

Бета-глуканот е природно соединение и сосема е логично да се постави прашањето дали може да се најде во храната. Може, а најмногу го има во овесот и јачменот, па затоа треба да ги вклучите овие намирници во вашата исхрана. Покрај тоа, бета-глуканот може да се најде во некои печурки. Тој се наоѓа во јапонските лековити печурки реиши и маитаке, кои често се препорачуваат поради нивните лековити својства и благотворното влијание врз зајакнувањето на имунолошкиот систем.

Тука е и пекарскиот квасец, од кој најчесто се синтетизира бета-глукан и се создава суплемент. Самата примена на квасец или тесто не е корисна во смисла на снабдување на телото со ова соединение, бидејќи во тој случај не е присутен во доволни количини.

Во природата, бета-глуканот се наоѓа во: квасецот, житарките (јачмен, овес, ‘рж и пченица), печурките (реиши, маитаке и шитаке), алгите, бактериите.

Погледнете кои 5 диети се одобрени од медицината и од науката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар