Што да сторите кога ќе го заборавите името на некој кого штотуку сте го запознале?

Што да сторите кога ќе го заборавите името на некој кого штотуку сте го запознале?

Запознавате некоја нова личност, тој/таа ви го кажува своето име, а вие и понатаму не знаете како се вика. Можеби не сте слушнале убаво, а можеби сте заборавиле. Тогаш влегувате во една непријатна ситуација од која сепак постојат овие неколку излези.

Што да сторите кога ќе го заборавите името на некој кого штотуку сте го запознале?

Побарајте ја нивната имејл адреса, прашајте ги како да ги најдете на Фејсбук или пак предложете им самите да го запишат својот број во вашиот телефон. Тие ќе го стават своето име и бројот. Освен што ќе дознаете како се викаат, тоа дава можност и да останете во контакт потоа.

Запознајте ги со ваш пријател. Побарајте од некој ваш пријател да се запознае со него/неа, па откако тој ќе го каже своето име, истото ќе го стори и вашиот соговорник.

Прашајте ги како ги викаат нагалено. Не мора и вие веднаш да почнете да ги викате како семејството и блиските пријатели, но веднаш ќе сфатите кое е името што сте го пропуштиле претходно во разговорот.

Прашајте ги за значењето на нивното име. На некои луѓе им значи тоа што нивните имиња имаат некое „скриено“ значење и сакаат да зборуваат за тоа. Други не се занимаваат толку со тоа, но во објаснувањето сигурно ќе го споменат своето име барем уште еднаш.

Побарајте им визит-картичка. Доколку се луѓе од бизнисот, и онака сакаат да ви ја дадат.

Бидете креативни. Сигурно со вашите пријатели сте ги споредувале личните документи и фотографиите од нив. Ако успеете да издејствувате некоја таква ситуација со вашиот нов соговорник, тогаш имате шанса да видите и како се вика.

Завршете го разговорот повторувајќи го вашето име уште еднаш. Кажете како се викате исто како кога сте се запознале и речете дека разговорот ви бил пријатен или нешто слично. Веројатно и тој/таа ќе го стори истото.

Бидете искрени. На крај, наједноставното решение е да се извините, да признаете дека сте пропуштиле да го запомните името и уште еднаш да прашате за него. На секој му се случува тоа и затоа секој ќе ве разбере.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар