Што да правите со партнерот кој исчезнува како дух?

Што да правите со партнерот кој исчезнува како дух?

Без разлика дали сте се гледале само неколку месеци или подолго, повлекувањето на партнерот од вашата врска може да ве направи несигурни и притоа може да заборавите да се грижите за сопствената среќа. Не дозволувајте тоа да биде така. Препознајте ги знаците на неговото оддалечување од вас и постапете соодветно во зависност од периодот кој сте го минале заедно. Притоа секогаш бидете си на прво место и не прифаќајте ништо помалку од целосна почит и вистинска љубов.

Што да правите со партнерот кој исчезнува како дух?

Тој исчезнува само по неколку фантастични состаноци

Си одговарате како Бони и Клајд. А потоа, тој исчезнува и ве остава опсесивно да се обидувате да откриете и да погодувате како е возможно личноста, со која сте се почувствувале толку силно поврзано, да се промени за 180 степени.

Зошто тој го прави тоа: Постојат неколку објаснувања. Можеби е претрупан со обврски на работа или има впечаток дека вие не сте заинтересирани. Или, во најлош случај, тој не е заинтересиран.

Вашиот потег: Испратете му порака за да ја елиминирате опцијата дека е премногу зафатен или дека му треба охрабрување. Ако не добиете ентузијастички одговор во рок од 24 часа, избришете го неговиот контакт.

Никогаш не вложувајте повеќе од она што го добивате на почетокот од врската. Ако е заинтересиран тој ќе се потруди да биде со вас.

Тој полека се повлекува во сенка по само неколку месеци

Ако сте се гледале од 3 до 6 месеци, тој и не може да се повлече без ниту еден збор. Затоа лесното исчезнување во стил на дух е посуптилен начин. Може да почне да ги откажува состаноците или да се однесува резервирано.

Зошто го прави тоа: „Пресвртот“ се случува токму сега. Освојувањето е завршено, тој веќе ве има, па сега се повлекува прашувајќи се дали тој тоа навистина го сака.

Вашиот потег: Ако и понатаму ви е важен и ако сакате да се обидете да го спасите тоа што сте го имале, најдобар борбен план е да се дистанцирате од него и да се насочите кон вашата сопствена среќа.

Трудете се да ги пополните сите полиња од вашиот живот. Ако тој ви се јави и ви предложи да се најдете, би требало да бидете срдечни и пријатни додека му одговарате: „Би сакала, но веќе имам некои планови за викендот. Ајде да се договориме за некоја друга вечер.“ На овој начин му порачувате дека имате исполнет живот и тој веројатно ќе помисли дека не сте губитничка која чека тој да ѝ се јави. Ваквиот вид игра, сепак, не би требало долго да трае.

Тој станува необично далечен по година дена излегување

Болно е да почувствувате дека и покрај тоа што поминувате многу време заедно, еден дел од него се повлекува.

Зошто тој го прави тоа: Една година е пресвртен момент, тогаш кога тој можеби се прашува: „Дали е ова личноста со која би сакал да бидам во сериозна врска?“ Ако е несигурен и нема идеја како да ја разреши оваа дилема веројатно ќе стане емотивно позатворен и помалку нежен.

Вашиот потег: Речете му дека многу работи ви се на ум, но, и дека верувате дека имате нешто добро. Тогаш е време да се повлечете. Ако е само во лош период многу брзо пак ќе се сврти кон вашата врска. Ако тоа не се случи, тогаш е време вие да направите пауза. Кажете му дека може да ве побара кога ќе се променат нештата, ама дека не можете да бидете сигурни дека ќе бидете достапни. Да, прилично е без врска да се откажете од нешто што многу ви значело, но приоритет треба да ви бидат вашите потреби. И надевајте се на вистинска љубов.

Ако врската сепак не успее, не обесхрабрувајте се. Ќе пронајдете вистинска љубов дури после неколку болни неуспеси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар