Што да правите кога ќе се разбудите сред ноќ и не можете повторно да заспиете?

Што да правите кога ќе се разбудите сред ноќ и не можете повторно да заспиете?

Сигурно ви се има случено да се разбудите и да очекувате да го видите сонцето, за на крајот да сфатите дека сè уште е ноќ. А бидејќи ве чека работа рано наутро, знаете дека морате да се вратите на спиење. Иако понекогаш тоа изгледа невозможно, постојат неколку совети поддржани од науката кои ќе ви помогнат повторно да заспиете.

Што да правите кога ќе се разбудите сред ноќ и не можете повторно да заспиете?

1. Медитација

Откако ќе се разбудите, ако не можете да заспиете за неколку минути, обидете се со некоја техника за релаксација. Можете да пробате некои вежби за дишење или медитација. Ако не знаете како, постојат многу апликации за вашиот смартфон, како и видеа на Јутјуб кои ќе ви помогнат во ова.

2. Потопете го лицето во студена вода

Ако ви е тешко да заспиете, потопете го вашето лице во студена вода. Држете го здивот околу 30 секунди пред повторно да земете воздух. Со ова ќе го активирате рефлексот за нуркање кај цицачите. Овој рефлекс го забавува вашето срце и го смирува телото.

3. Практикувајте ја вежбата 4-7-8

Оваа вежба е смислена од авторот и доктор Ендру Веил. Со нејзина помош ќе го зголемите нивото на кислород во вашиот крвоток. Еве како изгледа:

  • Поставете го врвот на јазикот зад горните предни заби и држете го таму во текот на целата вежба.
  • Издишете преку вашата уста.
  • Затворете ја устата и бавно вдишете од носот броејќи до 4.
  • Држете го воздухот 7 секунди.
  • Издишувајте 8 секунди низ вашата уста.
  • Повторете го целиот циклус уште 3 пати.

4. Имајте секс

Кога луѓето имаат секс и доживуваат оргазам се ослободува „љубовниот хормон“ окситоцин. Овој хормон има спротивно влијание од стрес хормоните кои ве држат будни. Исто така, за време на сексот се ослободуваат и ендорфини кои функционираат како природни седативи.

5. Избегнувајте силна светлина

Најлошото нешто за спиењето е силната светлина. Таа го намалува нивото на хормонот мелатонин кој го контролира циклусот на спиење. Ако имате потреба да одите до тоалет, користете послаба светлина. Исто така ако често страдате од несоница инвестирајте во ноќни светилки кои се послаби.

6. Јадете нешто

Ова можеби звучи малку чудно, но според некои истражувања будењето сред ноќ може да биде последица од ниско ниво на шеќер во крвта, состојба позната како хипогликемија. Ако решите да јадете нешто, одберете ужина со малку калории. А ако често имате ниско ниво на шеќер во крвта, посетете го вашиот лекар. Но имајте на ум дека честото јадење сред ноќ ќе направи вашето тело да ја гледа храната како награда, па ќе почне да се буди навечер за да ја добие.

7. Акупресура

Притискањето на одредени точки на телото докажано помага во спиењето. Точките за акупресура кои можете да ги пробате се наоѓаат на надворешната страна од вашите пети и под глуждовите. Овие точки се наречени „Мирен сон“ и потребно е да ги притиснете заедно така што ќе го поставите палецот на едната страна, а врвовите од прстите на другата страна од глуждот. Овие точки ќе ве ослободат од болките во долниот дел од телото и ќе ви помогнат да заспиете.

8. Станете од кревет и прошетајте

Ако поминале 20 минути и не можете да заспиете, според експертот за спиење доктор Харнет Валија, најдобро е да станете од креветот.

„Немојте да трошите време во креветот обидувајќи се да заспиете. Веројатно ќе почнете да се грижите за тоа и ќе почнете да ја поврзувате спалната соба со проблеми со спиењето.“

Наместо тоа, правете нешто здодевно или нешто што ќе ве релаксира додека не ви се приспие повторно.

Пробајте ја и оваа интересна техника која ќе ви помогне лесно да заспиете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар