Што да направите кога ќе ве заболат очите?

Што да направите кога ќе ве заболат очите?

Болката во очите знае да биде незгодна. Од самата помисла колку е тешко да се поднесе, па до откривање зошто првично се појавила. Очите се нашиот прозорец кон светот и се најнеопходни за да можеме нормално и непречено да функционираме. Кога ќе се почувствувате стресно поради проблеми со нив еве неколку начини кои ќе ја олеснат ситуацијата, па дури можеби и да ја излечат болката.

Измијте ги

Некогаш е потребно само добро миење за да се исчистат. Водата најмногу помага, но може да употребите и средство за плакнење очи. Причинител на болка во очите може да биде и надворешен материјал или контаминација. Контаминација може да вклучи прашина, песок или парчиња нечистотија. Кога нешто од ова ќе влезе во вашите очи, миењето со средство за плакнење на очите може да ја спречи болката. Дури и користењето стерилна вода на собна температура за миење на очите може да ја ублажи предизвиканата болка. Мијте ги очите од 5 до 60 минути во зависност од видот на контаминацијата.

Пробајте капки за очи

Капките за очи се направени за да го елиминираат црвенилото и печењето и ја ослободуваат сувоста во очите. Делуваат како замена за солзениот мембрански слој и ги одржуваат влажни со помош на раслојувањето на солзите по целата површина на очите. Постојат повеќе видови капки за очи, но треба да откриете кои ќе ви одговараат најмногу. Доаѓаат со инструкции, па треба само да ги следите нив за да научите како да ги користите.

Одморете ги

Некогаш болката во очите може да значи дека им е потребен одмор. Дајте им ја потребната пауза со тоа што ќе ја ограничите големата изложеност на светлина. Седете во темна соба одреден период и покријте ги очите со маска за спиење. Ако стоите подалеку од светлина 1-2 часа, тоа ќе ја намали болката предизвикана од константната изложеност на светлина.

Дознајте и на кои начини можете брзо да се ослободите од главоболка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар