Што да направите ако ве болат рацете и зглобовите?
Ако работите канцелариска работа, тогаш многу добро знаете што значи болка во нозете и грбот. Сепак, постои уште еден проблем со кој се соочуваат луѓето кои вршат ваков вид работа: болка во рацете и зглобовите, како резултат на седечкиот начин на живот. Се разбира, оваа болка не е резервирана само за луѓе кои вршат ваква работа, туку ги погодува луѓето од сите возрасти и малкумина не ја почувствувале.
Но, честата употреба на тастатура и мобилен телефон и кликнувањето на глувчето може да предизвикаат притисок во зглобовите, а од пишувањето на тастатура може да се преоптоварат прстите. Ова е причината зошто вашето тело е изложено на развој на низа состојби како што се повреди, оптоварувања и воспаленија, што може да доведат до артритис со текот на годините.
Болка во рацете и зглобовите
Истегнувањето на рацете и прстите ќе ја намали болката – исправете ги прстите и дланките на рамна површина и држете ги така најмалку 30 секунди. Потоа свиткајте ги врвовите на прстите надолу и држете ги така 30 секунди. Потоа исправете ги прстите и дланките и нежно подигнете го и спуштете го секој прст поединечно. Чинот на стегање и опуштање помага да се релаксираат мускулите и да се намали напнатоста.
Ако правите вакви вежби редовно, драстично ќе ја намалите болката што може да се појави и ќе го зајакнете овој дел од телото.
Покрај вежбањето, значително влијание имаат и домашните лекови. Воспалението може да се намали со употреба на куркума. Куркумата се покажа како одлично средство за ослободување од болка, а не заборавајте го и ѓумбирот, кој се користи за ослободување од болката и за ублажување на симптомите на артритис. Редовно земајте калциум, кој е неопходен за здрав развој и раст на мускулниот систем. Топло-ладните облоги исто така може да помогнат – топлината дејствува на вкочанетоста, а студот на болката.
Сепак, за да спречите развој на ваков вид болка, обрнете внимание на седењето – столот што го користите треба да ви обезбеди добро држење на телото, бидејќи токму тоа влијае на позиционирањето на рацете и на зглобовите додека работите.
Прочитајте како да се ослободите од болката во вратот и грбот.