Што да кажете кога некој ви изјавил љубов, а вие не сте подготвени да возвратите на истиот начин?

Што да кажете кога некој ви изјавил љубов, а вие не сте подготвени да возвратите на истиот начин?

Секој посакува да ги слушне зборовите „Те сакам“, но не секогаш е вистинското време за да се изговорат. Тоа не значи дека не ја цените или сакате личноста која ви изјавила љубов, туку едноставно не сте подготвени и вие да го кажете истото гласно. Доколку некогаш се најдете во таа ситуација, еве што можете да кажете наместо „Те сакам“, а да не бидете сфатени погрешно…

Што да кажете кога некој ви изјавил љубов, а вие не сте подготвени да возвратите на истиот начин?

„Не сум подготвен/а да го кажам тоа сѐ уште, но многу ми значиш“

Искреноста е многу важна за секоја врска во развој. Ако не сте подготвени, тука нема ништо страшно. Не треба да се чувствувате обврзани да кажете „Те сакам“ и вашиот партнер го знае тоа. Можеби ќе бидат малку повредени, но ако успеете да им докажете дека навистина ви значат, тие ќе имаат трпение и ќе ве почекаат. Ќе го ценат фактот што не ја земате нивната љубов здраво за готово и моментот кога конечно ќе ги изговорите тие зборови ќе биде неверојатен.

„Среќен/на сум што си дел од мојот живот“

Кажете го ова само ако го мислите и не плашете се да го повторите неколку пати. Смислата на љубовта и онака лежи во тоа да бидете со личност која ве прави среќни.

„Никогаш порано не сум се чувствувал/а вака и се обидувам да разберам што се случува“

Не го кажувајте ова доколку не го мислите. Чувствата знаат да бидат збунувачки и страшни. Сите го следиме сопственото темпо. Дајте си време за да се разберете себеси и ќе знаете дали и кога ќе бидете подготвени да изјавите љубов.

„Ме правиш многу среќен/на и многу те ценам“

Оваа реченица е комбинација од повеќе работи. Сепак, најважно е да направите партнерот да се чувствува сигурно и безбедно покрај вас. Потребна е голема храброст за да се изговорат зборовите „Те сакам“. Дајте му до знаење на партнерот дека не сте се исплашиле, ниту мислите дека е чудно тоа што токму тогаш ви изјавил/а љубов.

Обидете се со бакнеж

Можеби нема да можете да ги изговорите зборовите што тие би сакале да ги чујат уште веднаш, но не заборавајте дека понекогаш делата говорат погласно од зборовите.

Што да кажете кога некој ви изјавил љубов, а вие не сте подготвени да возвратите на истиот начин?

„Мислам дека и јас се чувствувам на истиот начин“

Ова е како и вие да сте го кажале истото на некој начин. Искрени сте дека најверојатно сте сигурни во вашите чувства, но не сосема, што е во ред и партнерот би требало да ве разбере.

„Многу ми значи ова“

Тоа е навистина така и кажете го ова со искрена насмевка. Можете ѝ да додадете што било на оваа реченица. Можете да кажете: „Ова многу ми значи и посакувам да можев да ти го кажам истото, но нешто ме спречува. Сепак, мислам дека сме на истата бранова должина.“

„Навистина се грижам за тебе“

Иако не можете да ги изговорите магичните зборови, сепак можете да им покажете како се чувствувате во моментот. Кажете нешто во стил „Многу се грижам за тебе и среќен/на сум што ми го кажа ова“.

Прегратката прави чуда

Ова е многу ранлив момент. Физичкиот допир ќе помогне вашиот партнер повторно да се почувствува сигурно покрај вас.

Можеби не сте подготвени да ги искажете вашите чувства, но зошто да не ги напишете на хартија?!

Дали сте подготвени да пишувате за вашата љубов? Да ја покажете? Можеби вие тешко да ги изговорите зборовите, бидејќи никогаш претходно не сте ги кажале и сега се плашите. Кажете ги на различен начин. Напишете мало писменце, подарете ѝ нешто на саканата личност, што било. Зборовите сами ќе ви дојдат кога ќе биде вистинското време за тоа.

Можеби ни самите не знаете што ве спречува за да изјавите љубов, но тоа е сосема во ред. Немојте да чувствувате притисок. Ќе знаете точно кога треба да ги изговорите зборовите „Те сакам“. Дотогаш, продолжете така и понатаму, бидејќи сигурно има причина зошто партнерот се вљубил токму во вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар