Што ако парите не беа во прашање?

Што ако парите не беа во прашање?

Што е тоа што нѐ прави богати? Обидете се да ги тргнете парите на страна и добро размислете што би ве правело среќни и исполнети… На кој начин навистина би уживале во вашиот живот? Кој би бил изборот на вашата професија, стил, па можеби и на љубовниот партнер?Што ако парите не беа во прашање?Алан Вотс ги прашувал своите студенти што би сакале тие да бидат во својот живот доколку парите не се во прашање. Откако ќе го добиел одговорот им велел:

„Направете го тоа и заборавете ги парите. Бидејќи ако сметате дека заработувањето пари е најважното нешто, ќе го поминете вашиот живот целосно губејќи си го времето. За да продолжите со својот живот ќе мора да правите работи кои не сакате да ги правите, што е многу глупаво! Но, ако навистина ја сакате својата професија, воопшто не е важно која е таа. Со тек на време можете да станете најдобар во својата област и да заработувате многу повеќе од што некогаш сте си замислувале.“

Погледнете го и остатокот од неговиот инспиративен говор и потоа повторно размислете дали парите навистина вредат толку многу…

И доколку и вие би можеле да бирате што сакате да бидете, без да размислувате за парите, кој би бил вашиот избор во овој момент?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар