Штитат, но може да бидат и штетни: 3 најчести проблеми предизвикани од крајниците

Штитат, но може да бидат и штетни: 3 најчести проблеми предизвикани од крајниците

Крајниците се дел од лимфниот систем и му помагаат на телото да се бори против инфекциите. Тие први се борат со микроорганизмите присутни во воздухот и другите штетни материи, но понекогаш може да се воспалат и да предизвикаат здравствени проблеми. Еве кои три се најчесто присутни.

Штитат, но може да бидат и штетни: 3 најчести проблеми предизвикани од крајниците

1. Лош здив

Според одредени податоци, половина од светското население страда од лош здив. Деведесет проценти од случаите се предизвикани од проблемите во самата усна шуплина, како што е лошата орална хигиена или протокот на плунка, но, лошиот здив може да биде и последица од собрани камења во крајниците. Крајниците се полни со пукнатини во кои се собираат бактерии, мртви клетки и слуз. Затоа се создаваат и бели наслаги кои често содржат сулфур кој предизвикува лош здив. Се прашувате кое е решението? Добрата орална хигиена покрај четкањето заби два пати дневно, како и правењето гаргара со антисептик, може да помогне при отстранување на насобраните наслаги.

2. Болно голтање

Во повеќето случаи камењата на крајниците се мали и не предизвикуваат непријатности. Но, доколку тие се поголеми, тоа може да ви го направи голтањето болно и да чувствувате како да имате игла во грлото. Затоа, ако забележувате вакво нешто кај себе, тогаш обидете се да правите гаргара со солена вода. Но, ако станува збор за присуство на поголеми камења, тогаш ќе треба да се консултирате со оториноларинголог за ласерско отстранување.

3. ’Рчење

Зголемените крајници може да бидат причина за ‘рчење. Тоа се случува затоа што воздухот не може да поминува нормално низ дишните патишта. ‘Рчењето може да биде здодевно, но најчесто не е штетно, освен ако не е придружено со проблеми при спиењето. Зголемените крајници честопати предизвикуваат ‘рчење кај децата, а 4 од 100 мажи и 2 од 100 жени страдаат од проблеми со спиењето предизвикани од зголемените крајници. Тие може да се зголемат како резултат на вродени здравствени заболувања, хронични инфекции и други фактори. Ако ситуацијата е сериозна, лекарот може да предложи нивно отстранување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар