Шминката со боја на праска ќе доминира во новата 2017-та година
Новата 2017-та година само што пристигна, а ние веќе започнавме да ги забележуваме сите големи трендови кои ќе доминираат со неа. Па, треба да бидеме подготвени на време, зар не? Нема ништо полошо од неинформираноста! Затоа, кога станува збор за шминкањето, со сигурност можеме да тврдиме дека оваа пролет ќе биде во знакот на шминката со боја на праска – на очите, усните, образите – сè доаѓа предвид за природен сјај што дава впечаток како да сме биле на плажа.
Во 2017-та година ќе кажеме „збогум“ на нападната шминка во јаки бои и воодушевено ќе кажеме „здраво“ на природниот изглед на кој дури ниту познатите убавици не останаа рамнодушни. Ако Кајли Џенер ја препознала вредноста но овој суптилен начин на шминкање, кои сме ние да го противречиме тоа?
Овој нежен мејкап изглед ќе може да биде ваш избор за сите прилики и за сите модни комбинации, без разлика на стилот на облекување и местата на кои се движите. Доволно е суптилен за секој ден, а може да изгледа и тоа како гламурозно за потребите на свечените прилики и раскошните тоалети. Во комбинација доаѓаат сите нијанси на портокалова боја, а во согласност со вашиот вкус изберете ги оние посветлите или потемните нијанси, сјајните или пак мат сенки, со светки или без. Како што гледате на фотографиите, можностите се многу, а ниту една не е погрешна!