Шишките од серијата „The Queen’s Gambit“ стануваат голем тренд, но зошто треба да размислите двапати пред да ги направите?

Шишките од серијата „The Queen’s Gambit“ стануваат голем тренд, но зошто треба да размислите двапати пред да ги направите?

Откако пристигна на Нетфликс, мини-серијата „The Queen’s Gambit“ не ја напушти листата на тренд сериите, па дури и го постигна статусот на една од најгледаните серии во историјата на овој стриминг сервис. Неверојатно автентичната Бет Хармон остави трага кај публиката ширум светот, а тоа брилијантно го потврдува растечкиот тренд на убавина во светот на фризурите.

Шишките од серијата „The Queen’s Gambit“ стануваат голем тренд, но зошто треба да размислите двапати пред да ги направите?

Во текот на зимските месеци, чувствуваме потреба да експериментираме најмногу, особено кога станува збор за нашиот изглед, кој навистина сакаме да го освежиме. Сè поголем број жени се инспирирани од фризурата на Бет Хармон, односно нејзините микро шишки со кои се појави во првите епизоди од серијата. Ова се остро исечени шишки, еден сантиметар над веѓите, што и дадоа на оваа млада актерка еден посебен шарм, но од друга страна, сепак треба да размислите двапати за оваа фризура!

Шишките воопшто, а особено кога станува збор за ваква специфична форма, не се за секого, бидејќи тоа е стил што треба да се прилагоди на вашите црти на лицето, како и на типот на косата. Овално лице и права коса, лесна за стилизирање – идеални за оваа фризура. Во зима има многу влага, па ако имате шишки ќе биде тешко да ги стилизирате. Исто така, овој период најчесто ќе ја „криеме“ косата под зимската капа, а ова е уште една причина зошто е најдобро да се прескокне оваа фризура.

Понатаму, бидејќи станува збор за навистина специфична фризура, многу е важно да обрнете внимание дали одговара на вашиот целокупен стил, како и да се помирите со фактот дека со оваа фризура ќе треба многу почесто да седите на фризерски стол за да ја одржувате должината. Колку што за ликот на Бет Хармон може да се каже дека направи мала женска револуција и ги надмина границите на убавината, можеби наместо слепо да го копирате, поважно е да пронајдете свој стил и да го негувате како таков на најдобар можен начин!

Можеби ве интересира и како би изгледале познатите личности со шишки?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар