Шик модни комбинации кои се носат со патики

Шик модни комбинации кои се носат со патики

Трикот за носење патики на модерен начин, е тие да се искомбинираат со вообичаени парчиња облека. Така на пример, доколку ги носите со „цевка“ фармерки или куси летни фармерки, веќе имате две вообичаени парчиња на себе, кои можете да ги искомбинирате со некои интересни додатоци, како шалче, обетки, очила за сонце и сè што мислите дека добро ќе изгледа или пак да го задржите „кежуал“ изгледот со уште некое едноставно парче облека. Следуваат 4 едноставни начини да ги носите вашите патики, на тренди начин.

Шик модни комбинации кои се носат со патики

Еден од најкласичните начини да се облечете ем спортски ем трендовски, е да искомбинирате тесни „цевка“ фармерки и високи патики до глужд. Фанки антилопски патики и тенко џемперче во костенлива боја со широк отвор, е нешто што морате да го имате на есен. Како моден додаток одлично ќе изгледа едно шалче во сенф боја, кое ќе ви даде малку старовремски изглед. Ако сте љубители на леопардова шара, тогаш сигурно ќе ви се допадне и овој часовник или некоја алка во овој стил. На крајот, закачете едноставни сини обетки-копчиња на вашите уши.

Шик модни комбинации кои се носат со патики

Некои луѓе сметаат дека е тешка задача добро да се искомбинира фустанче со патики. Но, ако додадете на себе некои обични парчиња, практикувањето ваков стил не би требало да ви претставува некаков проблем. Овој изглед вклучува спортски дуксер, фустанче со линии и едноставни бели патичиња. На крај, за да изгледате уште посекси, ставете на лице очила за сонце, во стилот на Силвестер Сталоне.

Шик модни комбинации кои се носат со патики

Кратките летни фармерчиња и патики се добро позната, класична комбинација за „кежуал“ изглед. За да се истакнете помеѓу толпата, обидете се да ги искомбинирате со струкирано сако. Едноставна сива маичка на прерамки е одличен избор за под сакото, а на стапалата обујте височки патики со шарени принтови. На крај, потенцирајте го таквиот изглед со црвено ланче и црвена чанта која се носи дијагонално на торзото.

Шик модни комбинации кои се носат со патики

За овој изглед, основни парчиња облека ви се тесно здолниште, припиено до телото и едноставни еднобојни патики. И покрај тоа што цветното здолниште е доста женствено и може да се носи за вечерен изглед, ако го искомбинирате со едноставна црна „рамбовка“, која ќе ја облечете под долг фустан-кошулка ќе изгледате многу кул и тренди. Можете да ја носите долгата кошула откопчана или пак да ја врзете однапред, за да постигнете ултра-тренди изглед. Со овие бои, одлично ќе стојат сребрени патичиња и розова чантичка, чија нијанса на боја, ќе биде иста како онаа во шарата на здолништето.

Шик модни комбинации кои се носат со патики

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. ^_^ Reply

    Ги сакам патикити од четвртата слика!!!

Остави коментар