Шест фактори потребни за вистинска среќа
Да бидете вистински среќни воопшто не е тешко. Потребно е да почнете да живеете во сегашноста, да се радувате на иднината и да поминувате што повеќе време со вашите најсакани.
Според професорот Тод Кашдан, автор на книгата „Curious? Discover the Missing Ingredient to a Fulfilling Life“, тајната на исполнетиот живот, која со векови се обидувале да ја најдат голем број филозофи, повеќе не е мистерија. Тој истакнува 6 клучни фактори кои се потребни за еден човек да биде среќен.
Живејте во сегашноста
Уживајте во звуците, миризбите и појавите кои секојдневно ги зимате здраво за готово.
Бидете љубопитни
Не заборавајте секој ден да откривате нешто ново за светот кој ве опкружува.
Правете нешто што сакате
За да имате исполнет живот, многу е важно да правите работи кои се за вас важни и кои ве прават весели.
Мислете на другите
Давајте комплименти, правете добри дела и слушајте ги другите. Брзо ќе увидите колку е добро чувството да му помагате на некој друг.
Работете на вашите врски во животот
Секој ден одвојувајте време за партнерот, пријателите и членовите на семејството.
Внимавајте на здравјето
Јадете здрава храна три пати на ден и одвојте околу половина час дневно за вежбање.