Претходно
Шејк од банана и чоколадни колачиња
Фантастичен микс на вкусови кој ќе ве освои
Потребни состојки за 2 чаши:
- 2 замрзнати банани (излупете ги, исечкајте ги и замрзнете ги)
- 2 лажици путер од кикирики
- 200 мл млеко
- ½ лажиче екстракт од ванила
- 40 г ситни чоколадни колачиња (chocolate chips)
Начин на подготовка:
Во блендер ставете ги бананите, путерот од кикирики, млекото и екстрактот од ванила. Убаво измешајте ги и на крајот додадете ги чоколадните колачиња. Мешајте на силна брзина додека колачињата убаво не се измелат и соединат со останатите состојки. Сипете го шејкот во стаклени чаши и уживајте.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.