Претходно
„Shamrock Shake“ – Смарагден милкшејк од ментол
Вкусен милкшејк инспириран од Денот на Свети Патрик
Потребни состојки за 3 чаши:
- 500 мл сладолед од ванила
- 250 мл млеко
- 1/2 лажичка екстракт од ментол
- 1/4 лажичка зелена боја за храна
- Шлаг пена и зелени чоколадни трошки (по избор)
Начин на подготовка:
Додадете ги сладоледот, млекото, екстрактот од ментол и бојата за храна во блендер. Вклучете го блендерот на голема брзина и оставете го да работи сè додека мешавината не стане хомогена. Сипете го готовиот милкшејк во чаши и по ваш избор декорирајте со шлаг пена и чоколадни трошки. За најдобар вкус сервирајте го веднаш по подготовката.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.