Сериозни промени во нашиот изглед на кои не обрнуваме доволно внимание
Кога станува збор за надворешната убавина, многу несакани појави знаеме лесно да ги прикриеме со шминка или некој веќе испробан трик. Но постојат одредени проблеми кои се посериозни отколку што мислиме, и на кои треба да им се обрне внимание за да не дојде до несакани последици. Еве што советуваат експертите.
Истенчена, кршлива коса
Ваши претпоставки: дека е резултат од претерана употреба на пегла или фен за коса или пак резултат од стареење
Можна причина: недостаток на протеини
Објаснување: Недостатокот на протеини може да придонесе до опаѓање на косата и значително да го успори нејзиниот раст. Оваа појава е најчеста кај вегетаријанците, но и кај сите оние кои не конзумираат доволно протеини. Пожелно е да конзумирате што е можно повеќе риба, пилешко и зрнест зеленчук.
Пеги на усните
Ваши претпоставки: незначајна појава на која не треба да се обрнува внимание или штетен ефект од сонцето
Можна причина: Peutz-Jeghers (Пеуц-Јегерс) синдром
Објаснување: Без паника, во повеќето случаи пегите на усните се безопасни. Доколку се виолетови, би можеле да бидат симптоми на Пеуц-Јегерс синдромот. Ова е генетско нарушување кое може да резултира со рак. Доколку се појави какво било сомневање од ваша страна, би требало веднаш да се консултирате со лекар, дерматолог.
Темни кругови околу очите
Ваши претпоставки: резултат на стрес или непроспиени ноќи
Можна причина: хронични алергии
Објаснување: Алергиите можат да се појават од многу причини, најчесто не им обрнуваме внимание бидејќи сме секојдневно изложени на нив. Доколку се алергиска реакција, состојбата може да се влоши од чешање и константно допирање на круговите околу очите. Доколку ви се појавуваат одредено време и покрај тоа што сте одбегнувале стрес и сте спиеле добро, консултирајте се со лекар бидејќи во тој случај најверојатно станува збор за некаква алергија.
Линии на ноктите и промена на нивната боја
Ваши претпоставки: последица од користење на лакови и отстранувачи на лак за нокти или повреда на ноктот
Можна причина: посериозно нарушување на здравјето
Објаснување: Секогаш кога ќе го отстраните лакот за нокти, добро погледнете ги вашите нокти и проверете дали има некаква промена на нив. Во повеќето случаи, промената на бојата (како пожолтување на врвовите) е последица од лакот за нокти. Но може да биде недостаток на витамин, штета предизвикана од УВ зраци или синдром на рак. Иако последната опција е најверојатно дека не е причината, доколку состојбата на вашите нокти не се промени во рок од еден месец, задолжително посетете доктор.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.