Сериозен проблем или обновување на кожата? 7 причини поради кои вашите пети се постојано испукани

Сериозен проблем или обновување на кожата? 7 причини поради кои вашите пети се постојано испукани

Доколку имате проблеми со испукани пети и лупење на кожата во тој дел од телото, важно е да ја откриете вистинската причина за тој проблем за да можете полесно и побрзо да го решите. Во продолжение следуваат неколку можни причинители и начини како можете да се справите со нив.

1-seriozen-problem-ili-obnovuvanje-na-kozhata-7-prichini-zaradi-koi-vashite-peti-se-postojano-ispukani-www.kafepauza.mk_

1. Прекумерно потење на стапалата

Ако сте често во движење во текот на топлите денови и притоа носите затворени обувки, нозете може повеќе да ви се потат. Зголеменото потење доведува до насобирање вишок влага во обувките која потоа станува плодна основа за некој поблаг облик на инфекција. Сето тоа ќе резултира со лупење на кожата на петите. Стапалата многу помалку ќе се потат во обувките кои се изработени од природна кожа.

2. Високи потпетици со ремени или апостолки

За разлика од класичните салонки, отворените високи потпетици со ремени додека чекорите предизвикуваат триење поради кое кожата на петите се оштетува. Освен здебелување, пукање и лупење на кожата доаѓа и до создавање на плускавици. Истиот ефект на петите го имаат и апостолките.

2-seriozen-problem-ili-obnovuvanje-na-kozhata-7-prichini-zaradi-koi-vashite-peti-se-postojano-ispukani-www.kafepauza.mk_

3. Сончање без заштита

Мислевте дека одморот на плажа ќе ве прероди од глава до пети, но сте се вратиле од летувањето со испукани пети. Причината за тоа најверојатно е прекумерното изложување на стапалата на сонце. Токму стапалата се дел од телото кое секогаш забораваме да го намачкаме со крема за сончање или пак, мислиме дека воопшто нема потреба да ги третираме со такви средства. Секако, тоа е погрешно. Изложувањето на стапалата на сонце на нив предизвикува изгореници заради кои кожата започнува да пука и да се лупи.

4. Дехидрација

Можеби не сте мислеле дека премалата количина вода во телото влијае и на изгледот на кожата на стапалата, но едноставно нема дел од телото на кој дехидрацијата на кој било начин не штети. Ако не пиете доволно вода, ќе започне да ви се лупи кожата по целото тело.

5. Габични инфекции

Причина заради која кожата на петите лесно пука понекогаш може да биде и од малку посериозна природа. Всушност, во областа на стапалата многу лесно се развиваат габични инфекции, особено ако во текот на летните горештини почесто сте носеле затворени модели на обувки во кои стапалото немало воздух. Ако и покрај редовниот пилинг и третирање на стапалата со креми не можете да се ослободите од лупење на кожата, обратете се кај вашиот општ доктор кој ќе утврди дали проблемот е можеби некоја инфекција.

3-seriozen-problem-ili-obnovuvanje-na-kozhata-7-prichini-zaradi-koi-vashite-peti-se-postojano-ispukani-www.kafepauza.mk_

6. Егзема

Егземата, позната и како дерматитис, е назив за болест што се карактеризира како воспаление на кожата. Симптомите на егзема најчесто се чешање, црвенило, отеченост, испукана кожа. Доколку забележувате појава на наведените симптоми и на вашите стапала, обратете се кај вашиот доктор, како и во случајот со габичната инфекција.

7. Природно обновување на кожата

Ако во вашиот случај пукањето и лупењето на кожата е само краткотрајна појава која брзо ја санирате, тогаш станува збор за природен процес за обновување на кожата и нема причина за грижа.

Покрај соодветната нега, треба да внимавате и како се однесувате со вашите стапала, а ова се лоши навики кои им штетат на вашите стапала.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар