Семето на депресијата лежи во стомакот, а не во мозокот?

Семето на депресијата лежи во стомакот, а не во мозокот?

Отсекогаш се сметало дека причините за депресија се првенствено невролошки или потекнуваат од мозокот, но една неодамнешна студија посочува на тоа дека коренот на депресијата може да е поврзан со бактерија пронајдена во стомакот на луѓето. Лекарите и нутриционистите уште одамна ги поврзувале мозокот и цревата. Некои истражувања потврдуваат дека стомакот си има свој посебен невролошки систем. Според британскиот нутриционист Ив Калиник мозокот и цревата се директно поврзани преку одреден нерв, што објаснува зошто чувствуваме „пеперутки во стомакот“ кога се соочуваме со стресни и провокативни ситуации.

(1) Семето на депресијата лежи во стомакот, а не во мозокот?

Како таа бактерија во стомакот предизвикува депресија?

Научниците успеале да откријат дека причините за депресија, анксиозност и други детски болести, како што се аутизмот и хиперактивноста, се поврзани со гастринтестинални абнормалности. Како и останатите хронични болести, дебелина, срцеви заболувања, рак и дијабетес, депресијата првенствено е воспалителна состојба. Односно, да бидеме попрецизни, воспаление во цревата е коренот на депресијата.

Ова откритие има потенцијал да изврши големо влијание во областа на медицината и да значи чекор нанапред кон ефективното третирање и можното излекување на луѓето со депресија. Иако, секогаш кога ќе почувствувате симптоми на депресија треба да се обратите на лекар и да побарате соодветен третман, можете и дома, со промена на начинот на исхрана да си го подобрите, како физичкото, така и менталното здравје.

Начин на исхрана

(2) Семето на депресијата лежи во стомакот, а не во мозокот?

Постојат неколку начини на кои можете да ги намалите лошите бактерии во вашите црева и да создадете плодна основа за развој на добрите бактерии.

  • Јадете свежа храна – Свежата храна полна со хранливи витамини, минерали и протеини ќе овозможи полесна работа на вашите црева. Избегнувајте или сведете ја на минимум преработената храна.
  • Избегнувајте храна со вештачки шеќери – Оваа храна содржи многу вештачки хемикалии и додатоци кои ја нарушуваат работата на флората во вашите црева. Таа ја оптоварува работата на цревата и му праќа сигнал на вашиот мозок дека сте гладни, поради што често ќе се прејадувате.
  • Консумирајте здрави масти и протеини – Не значи дека сите масти се нездрави за вашето тело. Научниците посочуваат дека мастите што ги содржат пилешкото и мисиркиното месо, бразилските оревчиња, јајцата, авокадото и рибиното масло имаат големо позитивно влијание врз нашето ментално здравје. Тие се извор на важни аминокиселини, витамини и минерали, кои ја поттикнуваат работата на мозокот.
  • Големо количество витамин Д – Витаминот Д е многу важен за развојот и работата на мозокот, а неговиот недостаток често се поврзува со депресија и други нарушувања на расположението кај луѓето. Сонцето, житарките, лебот, природно цедените сокови и млекото се големи извори на овој витамин.
  • Избегнувајте ги вештачките додатоци во исхраната – Ова е особено важно, затоа што речиси сите хранливи материи кои му се потребни на нашиот организам, можеме да ги пронајдеме во продукти од природата. Наместо да ги оптоваруваме цревата со вештачки додатоци, зошто да не применуваме здрава храна, којашто лесно се вари и е полна со здравје?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар