Сексот прави да изгледаме поубаво – дознајте зошто!

Сексот прави да изгледаме поубаво – дознајте зошто!

Добро познатото еуфорично чувство после сексот не постои само во вашата глава. Тоа е видливо на вашето лице, зрачи од вашата кожа, а може дури и да ви ги зголеми градите. Погледнете ги неверојатните начини на кои сексот прави да изгледате поубаво и поатрактивно во вашите очи, но и во очите на другите.

1. Поголеми гради

Кога сте сексуално активни, брадавиците стануваат поизразени по секој нов однос, а понекогаш може да се случи дури и малку да отече масното ткиво на градите, правејќи визуелен ефект дека тие секојдневно се зголемуваат.

2.  Почиста кожа

За време на, како и по сексот, неверојатните ендорфини имаат моќно влијание на кожата ширум целото тело, особено во областа на вашето лице. Тие делуваат против воспаленијата, намалувајќи ги митесерите. Од друга страна пак, ендорфините го зголемуваат и нивото на естрогенот, што влијае на еластичноста на вашата кожа и создава повеќе колаген. Повеќе секс значи и помалку брчки!

3. Пополни усни

Забрзаниот проток на крвта низ вашите усни прават тие да изгледаат пополно и многу порумено.

4. Бистри очи

Нападот на хормонот окситоцин за време на односот го менува изразот на целото ваше лице, вклучувајќи ги и очите што по односот изгледаат многу поотворени и побистри.

5. Румени образи

Сексуалното возбудување ја забрзува работата на срцето, што потоа ја забрзува циркулацијата и ги шири крвните жили. Токму овој феномен е познат и како „сексуално руменило“ и може да се забележи на вашето лице по секој однос. Па, зошто да трошите илјадници денари на руменило, кога сè што ви е потребно е редовен сексуален живот?

Двоен родов стандард: Зошто седата коса е секси на мажите, а ги остарува жените?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар