Сексот и вашиот месечен циклус: Како влијаат хормоните врз желбата за секс?
Сте размислувале ли зошто некогаш сте необјасниво расположени за секс, а некогаш пак не можете да се натерате ни да помислите на тоа? Вашиот месечен циклус и хормоните како естрогенот и тестостеронот всушност целосно влијаат врз вашето либидо. Џенифер Вајдер, експерт за здравјето на жените објаснува зошто ова се случува…
Вашиот циклус во текот на месецот
Секој месец, различните хормони синхронизирано „танцуваат“ низ вашето тело и го создаваат вашиот месечен циклус. Многу жени забележале дека нивната желба за секс е под целосно влијание од промената во нивото на хормоните, посебно од промените во естрогенот и тестостеронот за време на целиот циклус, кој најчесто трае околу 28-30 дена и може да биде поделен во 4 клучни недели.
Прва недела: Менструација
Првата недела од вашиот циклус, вие „сурфате по црвен бран“. Додека некои жени се согласуваат на секс за време на овој период од месецот, нивото на естроген и тестостерон е многу ниско оваа недела, па големи се шансите да се чувствувате уморно и нерасположено. Во секој случај, како што ќе се наближува крајот на неделата, така и вашите хормони постепено ќе растат.
Втора недела: Зголемување на енергијата
Естрогенот и тестостеронот се зголемуваат за време на неделата која води кон овулација и притоа полека ви го зголемуваат и либидото. Многу жени изјавиле дека имале подобар секс за време на оваа недела, најверојатно бидејќи нашите чувства тогаш се најживи, но бидете внимателни, вие исто така сте и најплодни овој период од месецот и доколку немате соодветна заштита можете лесно да останете бремени.
14-от ден: Најдобро време за секс
Бидејќи хормоните се на најоптимално ниво на овој специфичен ден (кај оние кои имаат редовен месечен циклус кој трае 28 дена), 14-от ден најчесто е денот кога жените се најмногу расположени за секс. Студиите покажале дека тогаш дури и оргазмите можат да бидат поинтензивни и полесни за постигнување. Па ајде, доколку сте на средината од вашиот месечен циклус, фатете се за работа и искористете го овој ден најдобро што можете!
Трета недела: Овулација
Оваа недела започнува овулацијата и поради тоа вашите хормони постепено се намалуваат, што значи дека и вашиот сексуален нагон ќе почне исто така да се намалува…
Четврта недела: ПМС
Ах, тоа е неделата на наглите промени на расположението, на надуваноста, огромната потреба за храна, проблеми со спиењето… Всушност тоа е неделата на сите работи кои воопшто не се секси. Сè додека овие предменструални симптоми не почнат да се подобруваат со доаѓањето на вашата менструација, ова дефинитивно не е недела наменета за жежок секс, барем не за поголемиот дел од жените.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.