Секси пораки: 5 причини зошто тие се клучот за успешна љубовна врска
Една здрава врска помеѓу две заљубени индивидуи вклучува вербален и невербален секс. Сигурно веќе претпоставувате дека станува збор за „секстинг“, односно за секси допишување. Едно неодамнешно истражување покажало дека еден од главните состојки за една здрава љубовна врска е токму разменувањето провокативни пораки и желби. Токму затоа погледнете ги следниве 5 причини зошто треба да ја ослободите вашата фантазија и веднаш да му/ѝ испратите на вашиот/вашата љубен/а една зачинета порака…
1. Градење доверба
Зарем има поголема тајна од онаа која му/ѝ доверувате што сакате тој/таа да ви прави, како и што вие сакате нив да им правите помеѓу чаршафите? Вашиот партнер без сомнение ќе сака да го продолжи овој разговор, како и да го замисли, што подоцна ќе резултира со поголема доверба, подобра комуникација и незаборавно искуство.
2. Создавање сексуална тензија
Вие сте испратиле секси порака и сега чекате одговор… Адреналинот расте, а сексуалните мисли ви навираат во главата толку силно што веќе имате создадено цело сценарио во мислите за како ќе се одвива средбата кога тој/таа ќе се врати дома. Од друга страна пак, тие исто така едвај ќе чекаат да завршат со своите обврски и што побрзо да пристигнат кај вас со цел да ви го направат она кое толку детално сте им опишале дека го сакате.
3. Охрабрување на момците
Ретко кој маж не се запрашува дали неговата девојка одглумила оргазам, дали добро се снаоѓа со нејзиното тело, како и дали воопшто таа го посакува. Поради овие причини тие можат да бидат многу ранливи кога станува збор за самиот сексуален чин. Токму затоа со помош на секси пораки вие можете да се забавувате, додека истовремено ја зголемите самодовербата на вашата посилна половина.
4. Интересна промена
Веруваме дека не постои ништо на овој свет што би можело да ги замени вашите секси пораки, флертувања и размена на фотографии и желби во очите на партнерот или партнерка. Со нивна помош вие најавувате што следува, па токму затоа и тие ќе почнат да чувствуваат интересна промена во нивните чувства, како поголема возбуда и поинтензивна желба да ве видат. Овие моменти на исчекување понекогаш знаат да бидат навистина непроценливи.
5. Превенција за изневерување
Сексуалните пораки помагаат партнерите да останат фокусирани на оние нешта кои ги очекуваат кога ќе се вратат дома, па токму затоа и мали се шансите дека тие би посакале да бараат нешто повеќе надвор од врската. Но, имајте на ум дека станува збор за специфична комуникација во која можете да уживате само доколку таа навистина ве возбудува. Во спротивно, подобро е да не почнувате воопшто бидејќи може да има негативен ефект врз вас.