Секс трикови од порно филмовите кои вреди да се пробаат

Секс трикови од порно филмовите кои вреди да се пробаат

Да, знаеме што мислите: „Што им е на овие, порното не е за секото, па уште да учиме од него!“ Сепак, доколку се анализираат порно филмовите, може да се „соберат“ некои трикови кои секој може да ги примени во својот сексуален живот. Тоа може да придонесе да си ја вратите страста во врската, да ви се подигне самодовербата, и секако, да се чувствувате многу позадоволни од својот сексуален живот. Притоа, најважно од сè е да ги испробате оние работи кои вам би ви одговарало да ги правите. Желбите и преференциите на прво место, а веднаш потоа направете место и за малку експериментирање.

Секс трикови од порно филмовите кои вреди да се пробаат

1. Средени и дотерани – Ова секако важи за двата пола, но женските имаат повеќе можности за експериментирање со фризурите таму долу и со изборот на долната облека. Можеби многу девојки и жени не практикуваат долна облека која е сложена за облекување, но одвреме-навреме е убаво да се проба. Што се однесува до обликувањето на срамните влакна, не зборуваме за громче, но една права линија би била фина промена за вас и за вашиот партнер. И не плашете се од недостатоците, има голема сексуална привлечност во нив, а со дотерување за во спалната соба ќе имате и поголема самодоверба и ќе бидете многу повеќе желни за секс.

2. Стимулација од повеќе страни – Без разлика дали давате или примате орален секс, истражете ги оние места кои се возбудливи за вашиот партнер односно партнерка и стимулирајте го нивното задоволство допирајќи ги истовремено за време на актот.

3. Не плашете се од „задната врата“ – Ако никогаш не сте пробале, сега е моментот. Има многу начини на кои и мажите и жените можат да бидат стимулирани одзади. Секој ужива во различен интензитет, па одредете го вашиот спектар и пробајте. Нема да зажалите.

4. Земете ги играчките и играјте заедно Играчите, особено вибраторите се лесни за употреба, забавни се за двата пола и не е срамота да се користат. Зачинете го сексуалниот живот со рачен вибратор или со вибрирачки прстен кој ги задоволува двете страни.

5. Играјте улоги – Не мора да посетите училница или докторска ординација за да го изведете играњето улоги, но обидете се да се внесете во улогата што повеќе. Можеби нема да добиете Оскар, но чувството е ослободувачко како резултат на исполнување на фантазиите.

6. Малку воајеризам не е на одмет Групниот секс можеби не е за секого, но чувството дека додека го правите тоа некој може да ве види е многу секси. Веројатно многумина би се срамеле да го направат тоа на отворено, но секс покрај отворена балконска врата или доцна во ноќта на плажа е добра опција. Можете да бидете дискретни додека истовремено постои „опасноста“ дека некој ќе ве види.

7. Пробувајте нови пози и отворено зборувајте што сакате – Кога станува збор за секс позите не може да знаете дали нешто ќе ви се допадне или не сè додека не го пробате. Исто така, не срамете се на партнерот/партнерката да му/ѝ кажете што ви се допаѓа и како точно сакате да се намести. Па малку наредување во вакви моменти може да биде дури и „жешко“.

8. Болката може да биде и задоволство – Секако, не е секој ни за ова. Во порно светот, фантазиите и фетишите се остваруваат слободно, што дури ако ги нема, веројатно би зевале наместо да гледате заинтересирано и возбудено. Во реалноста, ретко зборуваме за чудните работи кои сакаме да ги правиме во кревет, како желбата за предизвикување и поднесување болка или улогите на господар и слуга. Но, ако сте во долга врска, ослободете се и впуштете се во светот на перверзиите – може да искусите задоволство како никогаш порано.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар