Секс терапевтите откриваат: 8 митови за сексот во кои треба да престанете да верувате
Постојат многу различни верувања и мислења за сексот кои не само што се погрешни, туку можат и да го уништат вашиот љубовен живот. На пример, повеќето луѓе се уверени дека сексот треба да биде спонтан, но вистината е дека мора да се потрудите за да имате успешен сексуален живот. Секс терапевтите ги откриваат најголемите 8 митови за сексот во кои би требало да престанете да верувате…
1. Мажите треба секогаш и секаде да се подготвени за секс
Спротивно од општото мислење, мажите не можат да имаат секс секогаш кога ќе посакаат нивните партнерки. Тие не се роботи, туку и тие може да бидат уморни, загрижени, и анксиозни. Освен тоа, како што стареат мажите, им треба директна стимулација на пенисот пред и за време на сексуалниот чин. Не треба жената да биде најважна во сексот, туку заедничкото задоволство. Прашајте го вашиот партнер што го возбудува и овозможете му го тоа.
2. Ако не доживеете оргазам, исто како да не сте имале секс
Погрешно! Сексот е многу повеќе од самата пенетрација и доживување оргазам. Ако верувате во овој мит, време е да станете покреативни и пореалистични во врска со сексот. Сексот вклучува и бакнување, гушкање, сензуални масажи… Сексот е орална стимулација, рачна стимулација, заедничко самозадоволување и анална стимулација. Сексот е валканото зборување, читањето еротика, гледањето порно филмови заедно, играњето секс игри и споделувањето фантазии. Проширете го вашето сфаќање за поимот секс, ослободете се од притисокот и на тој начин ќе го зголемите вашето уживање и задоволство.
3. Треба да се чувствувате доволно привлечни за вистински да уживате во сексот
Медиумите и порно индустријата се главните виновници за тоа што жените веруваат дека мора да имаат прекрасно тело за да ужваат во сексот. Обично, мажите не ги забележуваат недостатоците на женското тело. Тие се возбудени од самиот факт што има гола жена покрај нив. Без оглед на тоа како изгледаат, ако жените си го сакаат своето тело и мажите ќе го сакаат. За ова ќе им треба време да ја прифатат и да ја засакаат сопствената оригиналност. Кога жените ќе почнат да ги ценат своите недостатоци, ќе почнат да се сакаат себеси на начин кој ќе им дозволи да ги сакаат и партнерите.
4. Сексуалната неверност се случува бидејќи нешто недостасува во врската
Иако некои луѓе навистина имаат афери затоа што чувствуваат дека не го добиваат она што го сакаат во врската, тоа е само една од многуте причини поради кои доаѓа до неверство. Многу луѓе кои се задоволни од врската биле неверни само затоа што се укажала прилика за тоа. Факторите како што се достапноста и минималниот ризик да бидат фатени се само дел од многуте фактори што можат да доведат до „случајни афери“. Некои луѓе повеќе се водат од инстинктот и тоа е една од главните причини зошто се случуваат неверствата, а не незадоволството од сексуалниот живот.
5. Лесно е да се доживее вагинален оргазам
Луѓето сѐ уште мислат дека лесно е да се предизвика и да се доживее вагинален оргазам. Вистината е дека на повеќето жени им треба клиторична стимулација за да го достигнат врвот. Многу мажи се изненадени кога ќе го чујат ова. Идејата дека мора да се постигне вагинален оргазам предизвикува притисок кај паровите. Поради тоа жените се фрустрирани, а мажите беспомошни. Постојат многу погрешни сфаќања околу тоа како жените доживуваат оргазам. Тешко дека ќе доживеете вагинален оргазам ако практикувате секс набрзина.
6. Сексот треба да е многу возбудлив на почетокот
Многу луѓе мислат дека првиот секс со новиот партнер треба да биде возбудлив. Во ретки случаи тоа е навистина така, но поголема е веројатноста дека првиот секс ќе биде само добар. Кај повеќето луѓе, сексуалната хемија се развива со текот на времето и потоа сексот се претвора во нешто неверојатно и возбудливо. Тоа е така затоа што за да имате неверојатен секс, треба навистина да го познавате вашиот партнер. Ако никогаш не сте имале секс со одредена личност, нормално е да не знаете што сака, што ѝ треба и како да се усогласите.
Освен тоа, најверојатно и двајцата ќе бидете малку нервозни што создава дополнителен притисок на целиот настан. Најважното прашање што треба да си го поставите на почетокот од врската е дали би сакале повторно да ја видите таа личност. Ако сѐ било совршено уште од самиот почеток, нема да можете да созревате и растете заедно. Заедничкото созревање е она што ги зближува луѓето.
7. Ако мора да користите лубрикант, тоа значи дека не сте навистина возбудени
Погрешно. Лубрикантите се ваши пријатели. Повеќето луѓе мислат дека кога жената е возбудена, треба да биде влажна. Но, понекогаш возбудата може да се случи на емоционално ниво, а не на физичко, така што не двоумете се дали да користите лубриканти.
8. Врската не може да опстане доколку секусалното либидо не ви е усогласено
Честопати паровите се загрежни поради неусогласеноста на нивната сексуална желба, односно кога еден од партнерите повеќе сака секс од другиот. Речиси и да не постојат партнери во подолга врска кои имаат идентично сексуално либидо. Ако не сакате секс и двајцата подеднакво, тоа не значи дека вашата врска е осудена на пропаст. Најважно е да разговарате со партнерот околу тоа колку често би сакале да имате секс.
Исто така, треба да разберете дека вашите желби и потреби се разликуваат. Доколку постојат екстремни разлики околу тоа колку често би сакале да имате секс, тогап најдобро би било да разговарате со професионалец кој ќе може да ви помогне да ги решите проблемите и да смислите план кој ќе ви одговара и на двајцата.
Во продолжение прочитајте ги и овие 3 митови за сексот и вистините кои се кријат зад нив.