Секс-пози кои треба да ги пробате на новогодишната вечер
Сите едвај чекаме да дојде Нова година. 31 декември е ден кога цел свет празнува, се дотерува и се забавува. Откако забавата ќе пројде, останува уште едно човечко задоволство – сексот. За да допре новогодишниот дух во вашиот сексуален живот, зачинете го испробувајќи ги овие несекојдневни секс-пози со вашиот партнер.
1. Снежен ангел
Придобивки: Жената има поглед кон задникот на нејзиниот партнер.
Ова е доста предизвикувачка поза, но и доста несекојдневна што ја прави идеална за новогодишната вечер. Таа лежи на грб, а тој свртен на стомак и со главата насочен на спротивна страна од неа, се потпира на нејзината карлица за да може да пенетрира. Голема е улогата и на жената во оваа поза, бидејќи таа треба да го држи партнерот за задникот за да му помогне полесно да се движи напред-назад. За задоволството да биде уште поголемо, таа може паралелно и да му го масира задникот.
2. Лулање на топка за пилатес
Придобивки: Машкото ќе ужива да биде во улога на стол на неговата дама, а топката за пилатес ќе му овозможи флексибилно пенетрирање и обострано задоволство.
Доколку после новогодишната прослава партнерите завршат кај девојката и имаат топка за пилатес „на лагер“, сè што треба да направат е следново: машкото да седне на топката, потпирајќи ги стапалата на подот, а девојката да седне свртена со грб врз неговиот пенис и со расчекорени нозе. Така наместени, треба да почнат да прават кружни движења, а девојката да потскокнува.
3. Придружба во тоалет
Придобивки: Оваа поза ќе ви овозможи брз секс, одличен за време на новогодишната забава.
Ова е секс-поза за оние кои имаат авантуристички дух. Двајцата треба да се прикрадете во тоалетот (кога никој не ве гледа) и свртени кон огледалото да се соблечете голи. Девојката е потпрена со рацете на лавабото и поднавалена, а машкото пенетрира во нејзината вагина одзади. Оваа поза овозможува контакт со очи помеѓу партнерите, како и стимулација на Г-точката кај жената.
4. Сурфер на кауч
Придобивки: Оваа поза е погодна за секс на екс и го зачинува сексуалниот живот на партнерите.
Девојката треба да се навали на потпирачот од каучот на стомак, а тој да пенетрира во неа одзади, исправен и со расчекорени нозе. Девојката може да помогне во фиксирање на телата, држејќи се за цврстото сунѓересто перниче од каучот. За додатно уживање, девојката треба да ги прекрсти стапалата, при што ќе се стегнат нејзините вагинални мускули, околу неговиот пенис.
5. Водопад
Придобивки: Поради положбата на телото на машкото, неговиот пенис длабински влегува во вагината.
Машкото треба да легне на грб на работ од креветот, потпирајќи се со главата и рамениците на подот, а таа го контролира движењето, седната одозгора и потпрена со врвот од стапалата на бочната страна од креветот. Крвта динамично ќе циркулира низ неговиот пенис, што ќе му предизвика неверојатно задоволство додека доживува оргазам.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.