Секс поза за секоја должина на пенисот: Која поза е идеална за вас?
Убавината на сексот е во тоа што во него можете да уживате на многу различни начини – т.е. во различни пози кои даваат различни видови стимулација и контрола на едниот или на другиот партнер. Со самото тоа, прилагодувањето на позите според должината на пенисот може да го зголеми вашето или нејзиното задоволство. Должината на просечен пенис во ерекција е околу 13,12 см, додека во нормална состојба е 9,16 см.
1. За оние со помал или кои така се чувствуваат
Не паничете ако сметате дека вашиот пенис е помал од просечниот и дека тоа може да го уништи искуството. Иако сметате дека сте ограничени, ако ја одберете вистинската поза тоа може и воопшто да не претставува проблем. Секако дека најдобра поза е одзади – онаа која овозможува најдлабока пенетрација. Партнерката ќе го почувствува секој ваш милиметар, а бонусот е што рацете ви остануваат за слободни за екстра допири. Исто така, оваа поза е честопати болна ако мажот има пенис поголем од просечниот.
2. За „надарените“ господа
Иако звучи идеално, некогаш тоа и не е така, особено ако партнерката при секс чувствува болка и непријатност, а тоа лесно се случува затоа што просечната вагина во возбудена состојба може да се растегне до некои 16 см. Ако вашиот пенис е подолг од тоа, тогаш најдобар избор е позата обратна каубојка – во која партнерката целосно ја контролира длабочината на пенетрацијата.
3. За просечните
Иако слободно можат да експериментираат со сите пози, како најдобра за нив се смета онаа во која таа е на него, со нозете завиткани околу него, а тој ѝ го придржува задникот.
4. За подебелите
Вагината полесно се прилагодува на должина отколку на ширина, па не е лошо да користите лубрикант кој ќе ја олесни пенетрацијата. Добра поза за вас е мисионерската, така што нозете на партнерката се раширени, затоа што во спротивно триењето може да го иритира грлото на матката.
5. За потенките
Понекогаш должината не е проблем, затоа што постојат и такви кои се оптоваруваат со пречникот на својот пенис. За поголемо чувство на исполнетост, најдобри се позите во кои нозете на партнерката се приближени кон вас, како при страничен секс, односно т.н. поза на лажичка. Добар избор е и позата во која таа лежи на стомак, а тој пенетрира одзади, при што нозете на партнерката се споени.