Секојдневно ги правите: Навики кои ги уништуваат расположението и психата

Секојдневно ги правите: Навики кои ги уништуваат расположението и психата

Депресијата не мора да се јави само за време на големи животни промени: губење на работното место или пак саканата личност, смрт, лоша финансиска ситуација… Чувството на тага, осаменост, беспомошност може да се појави и како последица на многу работи кои секојдневно ги правите. Погледнете кои 8 навики го саботираат доброто расположение и менталното здравје.

1-sekojdnevno-gi-pravite-naviki-koi-gi-unishtuvaat-raspolozhenieto-i-psihata-www.kafepauza.mk_

1. Премногу фотографии

Фотографиите се одличен начин да ги зачуваме моментите за да не ги заборавиме. Меѓутоа, една студија објавена во списанието „Психолошка наука“ покажува дека фотографирањето може да ја намали нашата меморија. Некои од учесниците во истражувањето биле замолени да фотографираат одредени објекти, додека други требало само да ги набљудуваат. Учесниците кои само ги набљудувале објектите ги запомниле подобро за разлика од оние учесници кои ги набљудувале и фотографирале.

Објективот е всушност ѕид помеѓу нашите очи и спречува мозокот да ги запомни работите. Кога ќе забележите нешто интересно и занимливо, наместо веднаш да го дофатите фотоапаратот или пак телефонот, најнапред уживајте некое време во таа убавина за убаво да го запомните тој момент, а потоа сликајте (ако навистина морате).

2. Малку сте активни во текот на денот

Доколку сте активни 3 пати во текот на неделата, ризикот за појава на депресија е само 19%, потврдува една нова студија. Колку е вежбањето важно, не само за физичкото туку и за психичкото здравје, потврдува и Универзитетот во Лондон, каде што истражувачите пронашле врска помеѓу физичките активности и првите симптоми на депресија.

Запомнете: секој пат додека вежбате или додека сте активни, шансите да паднете во депресивна состојба се многу мали. Фатете ја среќата: сè што треба да направите е да се поместите и да пронајдете каква било активност. Возете велосипед, правете вежби, трчајте, качувајте се по скали…

3. Токсични врски

Многу луѓе не сфаќаат дека причината поради која се депресивни е нивната токсична врска, која не им годи. Врската која не ги задоволува сите потреби ја црпи енергијата и остава простор за тага и депресија. Доколку забележувате дека во врската не сте среќни како порано, пронајдете ја причината. Убаво размислете кога тргнало на лошо и дали има надеж дека тоа ќе се поправи. Доколку мислите дека само губите време, раскинете побрзо, пред депресијата да зачука на вашата врата.

4. Малку смеа

Поставете голема насмевка на вашето лице додека ги читате следните редови. А знаете ли поради што? Бидејќи насмевката е најдобар лек за психичкото здравје. Секојдневно пружајте си доза смеа. Дали тоа ќе биде предизвикано од вашата најдобра пријателка или пак од комедија, изборот е ваш. Најважно е да се смеете.

2-sekojdnevno-gi-pravite-naviki-koi-gi-unishtuvaat-raspolozhenieto-i-psihata-www.kafepauza.mk_

5. Малку сон

Можеби звучи како клише, но сонот и смеата се најдобри лекови за сè! Сонот е неопходен за мозокот да се регенерира, а телото да се одмори. Секогаш кога ќе почувствувате тага, анксиозност или депресија, обидете се да отспиете барем еден час и веднаш ќе забележите подобрување.

6. Никогаш не сте сами

Верувале или пак не, понекогаш преголемата група пријатели и метежот може негативно да влијаат на нашиот нервен систем. Затоа, 10 минути самотија ќе делуваат како мелем за вашата психичка состојба.

7. Не можете да живеете без мобилен телефон

Сетете се кога последен пат сте биле без електронски уреди. Не се сеќавате? Мора да ве предупредиме дека ова не е добар знак. Доколку сте константно во допир со своите уреди, вашето тело и ум немаат можност да се регенерираат и да се опуштат. Иако мобилниот телефон и интернетот ни овозможуваат изобилство на информации и олеснувања, преголемото користење може да предизвика депресивна состојба.

8. Мултитаскинг

Денес речиси секој од нас има мултитаскинг вештини: јадеме на работната маса, го проверуваме Фејсбук профилот додека гледаме телевизија… Едно истражување покажа дека всушност не сме попродуктивни ако извршуваме неколку работи истовремено. Мултитаскингот може да предизвика стрес поради кој не можеме да комуницираме нормално. Исклучете ги телефонот и телевизорот и обидете се да се сконцентрирате само на една работа или на работите кои се случуваат околу вас. Верувале или не, ова можеби ќе биде најдобрата работа која може да ја направите во текот на денот за своето ментално здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар