Секојдневни навики кои предизвикуваат вашите гради да виснат

Секојдневни навики кои предизвикуваат вашите гради да виснат

Кога станува збор за виснати гради, не секогаш имате можност да ја обвините гравитацијата. Погледнете ги овие 5 начини на кои вие секојдневно негативно влијаете на вашите гради и обидете се да ги избегнувате доколку сакате тие да го задржат својот младешки и цврст изглед.

Секојдневни навики кои предизвикуваат вашите гради да виснат

1. Носите погрешен број на градник или каков било градник

Збунети? Одредени студии ни велат дека градниците не им овозможуваат доволно поддршка на градите, па затоа тие можат со време да виснат. Од друга страна пак, 15-годишна студија објавена во 2013 година ни покажува дека жените кои никогаш не носат градник имаат поцврсти гради од оние кои редовно носат. Изборот е ваш. Но, сепак најдобар начин да се затегнат мускулите околу градите е со вежбање.

2. Не пиете доволно вода

Водата е најмагичниот пијалак во светот, нема сомнение во тоа. Доколку не пиете доволно вода, вашата кожа почнува да изгледа грубо и збрчкано и тоа не се одразува само на вашето лице и раце, туку и на кожата околу вашите гради.

3. Не ги заштитувате градите од сонцето

Сакате да носите маички со отворено деколте за време на летото? Не заборавајте да ја намачкате изложената кожа со масло за сончање. Доколку не го правите тоа, изложеноста на сонцето создава опасност од прерано стареење на кожата околу градите и несакано свиснување на самите гради.

4. Пушење цигари

Една 8-годишна студија ни открива дека пушењето може да придонесе за свиснување на градите. Како, би се запрашале? Цигарите го кршат еластинот, кој е одговорен за младешкиот изглед на кожата.

5. Често се дебелеете и слабеете за краток временски период

Доколку постојано започнувате и прекинувате со нови диети, вашите гради без прашање ќе страдаат. Кожата околу нив ја губи својата еластичност кога е затегната, па токму затоа ако губите нагло тежина, првото нешто што ќе ослаби се вашите гради бидејќи во нив има најголема концентрација на маснотии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар