Секојдневни навики кои можат да го оштетат вашиот вид, а вие и понатаму ги правите

Секојдневни навики кои можат да го оштетат вашиот вид, а вие и понатаму ги правите

Иако ве учеле дека читањето во мрак или преблиското стоење покрај телевизискиот екран може да го оштети вашиот вид, сепак мораме да ви кажеме дека тие две работи воопшто не се точни. Доколку се запрашувате за кои секојдневни навики станува збор, тогаш е време да ги дознаете.

1. Читање книга додека се возите

2-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_

Иако е доста убаво во денешно време да видите личност која чита книга во автобусот, а да не сурфа на интернет, сепак таа личност ризикува да го оштети својот вид. Тоа е така, бидејќи нашите раце постојано се тресат додека се возиме, а со тоа и книгата се поместува, па така нашите очи постојано мора да се фокусираат и напрегнуваат за да го прочитаме убаво тоа што го пишува. Главоболките и ослабениот вид се појавуваат со преголемото напрегнување на очите.

2. Недостаток на сон

3-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_

Во текот на ноќта, односно додека спиеме целиот наш организам се одмара и обновува, што значи дека и нашите очи се одмараат. Меѓутоа, доколку не спиете доволно, до касно лежите во креветот или воопшто не спиете, вие не им дозволувате на вашите очи да се одморат. Тоа предизвикува проблем на сувост и појава на испукани капилари во очите.

3. Гледање филмови на лаптоп или таблет

4-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_

Иако е доста полесно да гледате некој филм или серија на вашиот лаптоп, наместо да го ставате на УСБ, па потоа на телевизор, сепак таа рутина ги оптоварува очите поради екранот кој стои премногу близу да главата.

6-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_

Но сепак, некогаш мора да гледате нешто на вашиот лаптоп, а за да не ги напрегате очите, правите пауза одвреме-навреме така што ќе го тргнете погледот од екранот и ќе гледате некаде во далечина.

4. Недостаток на трепкања

5-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_

Воглавно ова им се случува на децата, но може да им се случи и на возрасните. Кога ќе се загледате во нешто на вашиот компјутер, лаптоп или некој друг електронски уред, тогаш се намалува бројот на трепкања или пак воопшто не трепкате. Поради тоа се јавува иритација на очите, но и сувост. Доколку ви се случило ова, едноставно ставете капки за очи или користете 3% борна киселина (acidi borici), која се користи како раствор за миење на очите.

5. Заборавате да носите очила за сонце

7-sekojdnevni-naviki-koi-mozhat-da-go-oshtetat-vashiot-vid-a-vie-i-ponatamu-gi-pravite-www.kafepauza.mk_

Силната сончева светлина и УВ зраците им сметаат на нашите чувствителни очи и му штетат на видот. Задолжително носете очила за сонце, без разлика каде сте, па дури иако одите само до најблискиот маркет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар