Секоја вечер пред спиење на моите деца им ги поставувам овие 4 прашања: Затоа ми ги доверуваат сите свои тајни!
Имам навика на децата секоја вечер да им прочитам бајка или да им раскажам приказна. Сепак, понекогаш сум толку уморна и не можам да издржам, па затоа започнав да им ги поставувам овие 4 прашања наместо да им раскажувам приказни.
Верувајте ми – ништо не нè зближи повеќе од ова!
1. Што најмногу ви се допадна денес?
Ова прашање ни овозможува заеднички да поминеме низ емоциите што сме ги доживеале тој ден. Тие, мене лично, ми даваат преглед на она што го сакаат моите деца. Честопати се смееме на некои убави моменти што ги доживеавме тој ден. А, има ли нешто поубаво од тоа да споделите смеа со вашите деца?
2. Што најмалку ви се допадна денес?
Ова прашање нè враќа во реалноста. Никој не е совршен. Животот не е совршен. Сите правиме грешки, но додека сме во состојба да си ги признаеме, ќе можеме и да ги поправиме истите. Ова прашање ми помага да ги охрабрам моите деца да се извинат, доколку е потребно и да поправат што можат. Убаво е кога децата сфаќаат дека дури и најлошите работи може да се поправат утре, затоа што утре е нов ден.
3. Дали имате какви било прашања денес за мене?
Ова прашање има за цел да ги натера децата да разберат дека може да ја прашаат мајка си што сакаат! Јас може да им верувам, затоа што преку прашањата секогаш ќе им го дадам одговорот на нивните недоумици. Мајката секогаш ќе биде тука да разговара со нив, дури и за најнепријатните теми.
4. Каква корист имавте од денешниот ден?
Ова прашање има за цел да ја согледаат позитивната страна од животот. Од лошите и добрите денови да се извлече поука – тоа е сè на светот! Ова е најмоќното прашање, а децата ќе одговорат и на него – само пробајте го тоа од нив!
Тие растат со молскавична брзина. Додека трепнете, ќе ви недостигаат милион работи кои сте ги правеле со нив. Овие прашања ќе ви помогнат навистина да го запознаете вашето дете.
И колку порано започнете со оваа традиција – толку подобро. Ако детето уште од најрано детство научи да одговори на овие прашања, ќе биде природно во неговите тинејџерски години да разговара со вас за сите „незгодни“ теми и прашања што ќе се појават.
Можеби сакате да прочитате и зошто прекумерното фотографирање може да им наштети на вашите деца?