Секоја 20-годишна девојка треба редовно да ги следи овие области од своето здравје!
Ако сте жена која е во своите 20-ти години, постојат неколку работи кои треба да ги проверете со вашето здравје пред да стигнете до 30-тата. Ова ќе ви помогне да спречите несакани болести и проблеми. Во продолжение следуваат категориите што мора редовно да ги проверувате, доколку сакате да го задржите вашето здравје и во подоцнежните години…
- Висок крвен притисок
- Сексуално преносливи болести (ХИВ, сифилис, гонореа, кламидија, хепатит)
- Депресија и анксиозност
- Рак на дојка
- Рак на грлото на матката
- Меланом
- Латентна туберкулозна инфекција
Исто така добро е да разговарате со вашиот доктор за кои суплементи треба да ги земате. Можеби изгледа како многу, но не значи дека треба да се грижите. Повеќето жени во 20-тите години се во одлично здравје!
Проверката за рак на грлото на матката е најважно
Ризикот од рак е најголем во оваа доба, а тој може да биде спречен со редовни прегледи кои може да ги направи општ лекар или гинеколог. Ако сте загрижени за историјата на рак во вашето семејство, најдобро е да разговарате со вашиот доктор и да правите дополнителни прегледи.
Некои прегледи не се достапни за жените додека не дојдат до одредена возраст
Луѓето со висок ризик за рак на белите дробови пред да наполнат 50 години ретко вршат прегледи за оваа болест. Доколку се промени ова, тие ќе имаат поголеми шанси да го спречат ракот на белите дробови.
Постојат потенцијални болести за кои не постои рано откривање
Болестите на срцето може да се однесуваат на инфаркт, аритмија и слично. Но ова не значи дека секоја надеж е изгубена. Најдобриот начин да се спречат срцевите болести е да се справувате со ризичните фактори, како на пример високиот крвен притисок, високиот холестерол и слично. Сите овие фактори лесно се контролираат со редовни прегледи.
Па, пред да ги „напуштите“ 20-тите години, дајте си го најдобриот подарок – вашето здравје.