Секој прст е поврзан со 2 органа: Јапонски метод кој ќе ве излечи за неколку минути
„Jin Shin Jyutsu“ е древна и алтернативна медицина чија задача е да ви помогне да ги балансирате вашите емоции со стимулирање одредени точки на рацете. Таа ја балансира вашата телесна енергија, како и физичкото и емоционалното здравје на вашиот организам. Оваа филозофија се заснова на теоријата дека секој прст е поврзан со одредени органи и емоции, па доколку сакате да влијаете врз нив, фатете го тој прст и притискајте го 3 до 5 минути. Дишете длабоко додека го правите тоа. Доколку сакате да добиете совршена хармонија во вашето тело, масирајте ги сите прсти на вашите раце.
Палец
Органи: Стомак и слезина
Емоции: Анксиозност и депресија
Физички симптоми: Болки во стомакот, проблеми со кожата, главоболка, нервоза
Показалец
Органи: Бубрези и мочен меур, вклучувајќи ги и мочните канали
Емоции: Разочараност, страв и збунетост
Физички симптоми: Болки во мускулите, грбот, забите и проблеми со дигестивниот систем
Среден прст
Органи: Црно дроб и жолчка
Емоции: Лутина и неодлучност
Физички симптоми: Проблеми со циркулација на крвта, менструални болки, умор, главоболки во предниот дел на главата и мигрена
Домал прст
Органи: Бели дробови и дебело црево
Емоции: Негативност, тага
Физички симптоми: Респираторни проблеми, астма, проблеми со варењето и кожни болести
Мал прст
Органи: Срце и тенко црево
Емоции: Анксиозност, нервоза, недостаток на самодоверба
Физички симптоми: Болки во грлото, проблеми со коските, подуен стомак