Зголемувајте ја вашата самодоверба секојдневно со помош на овие 9 едноставни трикови - Part 2

Зголемувајте ја вашата самодоверба секојдневно со помош на овие 9 едноставни трикови

6. Внимавајте на негативното зборување со себе

(6)sekoj-den-zgolemuvajte-ja-vashata-samodoverba-so-ovie-9-ednostavni-trikovi-kafepauza.mk

Сигурно ви се случило ова. Секогаш кога нема да успеете во нешто, првата реакција е да се фокусирате на слабите наместо на силните страни. Вистина е дека никој не е совршен и дека не можете да бидете добри во сè. Но барем можете да го дадете најдоброто од себе и да сфатите дека неуспехот не е знак на слабост. Тој е можност да научите нешто ново. Запишувајте ги негативните коментари кои ви минуваат низ главата. Добро размислете и променете ги во добри. Ако на пример сметате дека не сте дисциплинирани, кажувајте си: „Дисциплината е тешка за мене, но јас работам на неа.“

7. Прифатете ги вашите недостатоци

(7)sekoj-den-zgolemuvajte-ja-vashata-samodoverba-so-ovie-9-ednostavni-trikovi-kafepauza.mk

Ако можете искрено да изјавите дека сте горди на вашите недостатоци и уникатните карактеристики кои ве прават личноста којашто сте, веќе сте поминале половина пат. Прифатете го она што ве прави различни. Без разлика дали станува збор за вашата коса, кожа, акцент, тело, култура, сакајте ги сите ваши уникатни карактеристики и немојте никогаш да се споредувате со другите. Штом ќе го направите ова ќе имате подобра врска со себе. Кога ќе ги прифатите работите кои ве прават различни, и другите ќе го направат тоа.

8. „Повикајте“ ја позитивната енергија

(8)sekoj-den-zgolemuvajte-ja-vashata-samodoverba-so-ovie-9-ednostavni-trikovi-kafepauza.mk

Имате ли слушнато за законот за привлекување? Можеби ќе ви звучи премногу духовно, но енергијата што ја испраќате е енергијата што ја добивате. Луѓето се хранат од вашата енергија. Па, ако покажете среќа и возбуда кон соговорникот, тој ќе ја прифати вашата позитивна енергија и во неговите очи ќе изгледате самоуверено.

9. Медитирајте

(9)sekoj-den-zgolemuvajte-ja-vashata-samodoverba-so-ovie-9-ednostavni-trikovi-kafepauza.mk

Кога се обидувате да ги разберете вашите несигурности, понекогаш сè што ви е потребно е тивко место и фокусирање. Медитацијата ќе ви помогне да станете свесни за себе, да се проучите и да сфатите од каде потекнуваат вашите несигурности. Таа ќе ви помогне да откриете што точно го предизвикува вашиот страв и недостатокот од самодоверба. Штом ќе го пронајдете изворот, многу лесно ќе го отстраните и проблемот.

Доколку сте љубител на пишаниот збор, погледнете кои книги ќе ја зголемат вашата самодоверба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар