Секогаш насмеани и позитивни: 9-те тајни на среќните девојки
Понекогаш ги гледате луѓето околу себе кои се добро расположени, позитивни, насмеани, прават шеги на своја и туѓа сметка и едноставно блескаат од радост и среќа и се прашувате како тоа им успева? Која е тајната за нивниот интензивен оптимизам? И што е најважно, дали и вие можете да го направите истото? Во тој контекст, прочитајте ги 9-те тајни на девојките кои секогаш изгледаат среќни и весели и имаат целосна контрола врз својот живот.
1. Тие се благодарни и на малите работи. Наместо наутро да се нервирате околу непрочитаните пораки или фактот дека не сте се разбудиле на време и не сте го слушнале алармот, обидете се да уживате во тие 20 минути во својата топла постела, топлото кафе и топлиот туш пред да ги започнете дневните задачи. Дури и тоа да се единствените 20 минути во кои ќе уживате во денот, сепак вреди и се исплати.
2. Тие секојдневно вежбаат. Половина час вежби за срцето и неговата работа можат да направат чуда за вашиот организам. Освен што ќе бидете и физички и психички здрави, вашето тело на овој начин испушта ендорфини кој ќе ве направат посмирени и посреќни.
3. Тие спијат доволно. Држете се до својата вообичаена рутина и погрижете се да имате барем 7 часа сон секоја вечер. Доброто расположение се должи и на добриот сон.
4. Не се грижат за неважни работи. Без разлика на тоа каков ден имате, секогаш обидувајте се да ја задржите позитивната енергија околу себе и погрижете се секоја интеракција која ја имате со луѓето да биде добра и среќна.
5. Тие внесуваат ведрина во својата околина. Пронајдете начин да го освежите секој простор во кој се наоѓате. Отворете ги прозорите, тргнете ги завесите, додадете некое растение во својот дом или канцеларија. Кога сте во ведра просторија, тогаш ќе мислите само на убави работи.
6. Си играат со домашните миленици. Според истражувањата, луѓето кои поседуваат домашни миленичиња се посреќни од оние кои ги немаат. Така, доколку имате некое домашно милениче обрнете му внимание и поиграјте си со него.
7. Тие медитираат. Одвојте 15 минути дневно во кои мирно ќе седите во тишина, со затворени очи и „празна“ глава, ослободена од сите негативни мисли. Според медицинските студии, доволна е само една недела редовно медитирање со цел да почувствувате огромна разлика во количината на стресот и расположението.
8. Се ставаат себеси на прво место. Дури и ако станува збор за половина час маникир или читање книга. Никој нема да ви замери ако одвоите малку време за себе, баш напротив вашето семејство и пријателите ќе ви бидат благодарни.
9. Не се плашат да ги признаат грешките. Да претпоставиме дека ниеден од овие совети не делува. Наместо да го зголемувате стресот и незадоволството, едноставно дозволете си да бидете лути одредено време. Удрете ја вашата перница, повторно истуширајте се, направете што и да мислите дека ви е потребно за да ја контролирате лутината. Ваквото расположение ќе помине и ќе се чувствувате многу подобро откако ќе ја ослободите негативната енергија.