Секогаш имајте ги на ум: 7 совети за патување кои лесно се помнат

Секогаш имајте ги на ум: 7 совети за патување кои лесно се помнат

Патувањата се дефинитивно најубавите денови во годината и сите ние им се радуваме. Сепак, за сето тоа да биде совршено, би требало да знаете неколку работи, односно да ги прифатите советите кои ги споделуваме со вас и вашето патување ќе биде онакво какво што отсекогаш сте го замислувале!

1-sekogash-kje-gi-imate-na-um-7-soveti-za-patuvanje-koi-lesno-se-pametat-www.kafepauza.mk_

1. Пакување

Кога ќе се одлучите што ќе понесете, од сето тоа оставете една третина дома, бидејќи навистина нема да ви биде потребна. Не само што ќе имате доволно простор за новите работи кои евентуално ќе ги купите, туку и нема да носите непотребни работи кои никогаш нема да ги облечете.

2. Телефон

Камерата на телефонот не е само за фотографирање пејзажи и селфи фотографии. Фотографирајте го пасошот и останатите документи за доколку ги загубите истите да ги имате потребните информации на дофат на рака.

3. Понесете есенцијално масло од пеперминт

Не само што ќе ви помогне доколку настинете, туку ќе ви помогне и да се опуштите, па дури и да го смири вашиот стомак доколку се создадат евентуални проблеми поради поразличната храна.

4. Спакувајте вишок чоколади

Освен тоа што може да ви се најдат доколку ви падне шеќерот или сте гладни, може и да ви помогне да имате поголеми шанси кога ќе замолите некого да ви отстапи подобро место.

2-sekogash-kje-gi-imate-na-um-7-soveti-za-patuvanje-koi-lesno-se-pametat-www.kafepauza.mk_

5. Спакувајте ја патната торба како што треба

Без разлика дали патувате со авион, автобус, воз или автомобил, во вашата патна торба секогаш мора да имате: Пасош, пари, влажни и суви марамчиња, мастики, вода и грицки. Секако, доколку патувате со авион, потребно е да ги следите неопходните правила, но би требало да ги имате поважните работи покрај себе. Да, и храната е баш важна!

6. Не тргнувајте без пробиотици

Никогаш не знаете како ќе ја поднесете храната која ви се сервира, па заштитете го стомакот колку што можете. Исто така, не е лошо да понесете и други медицински помагала кои можат да ви послужат како прва помош.

7. Бидете опуштени

Обидете се да не се нервирате без разлика што ќе ве снајде по пат. Додека имате сè што ви е потребно, не мора да се грижите, останатото ќе се реши. Знаете за она „Какви се вашите мисли, таков ви е животот“, па немојте да бидете негативни, туку баш напротив. Подгответе се и тргнете на пат целосно опуштени.

3-sekogash-kje-gi-imate-na-um-7-soveti-za-patuvanje-koi-lesno-se-pametat-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар